Гинеколог искористил своја спрема за асистирано оплодување – мајката и детето дознале по 34 години
- Детали
- недела, 05 ноември 2023
Гинеколог од САД искористил своја спрема за асистирано оплодување на жена која јасно кажала дека сака анонимен донор. Притоа, за секој третман ѝ барал по 100 евра, тврдејќи дека тоа се пари за донорот. Жената и нејзината ќерка ја дознале вистината цели 34 години подоцна.
Кога пар оди во клиника за плодност, имаат целосна доверба во лекарите.
Но, за жал, се чини дека не може да му се верува на секој доктор.
Ова најдобро го покажува приказната на Шерон Хајес – жена од САД која забременила со асистирано оплодување, а многу години подоцна дознала дека гинекологот искористил негова сперма, а не од анонимен донор како што побарала таа.
Шерон и ќерката што ја добила со асистирано оплодување
Денес Шерон има 67 години, а инцидентот се случил во 1989 година. Шерон и тогашниот сопруг не можеле да добијат дете, па побарале помош од гинекологот Дејвид Клејпул (кој денес има 81 година).
За секој третман во клиниката, гинекологот им наплаќал по 100 долари, изјавувајќи дека тоа се пари кои треба да му се дадат на донорот.
Донорот, пак, бил избран според карактеристики што ги одбрала Шерон, како боја на очи и коса. Барем така им велел гинекологот.
Шерон и сопругот самите инсистирале дека сакаат анонимен донор, но гинекологот искористил негова сперма.
Шерон вели дека за време на третманите кои ги добивала во период од шест месеци неретко се чувствувала непријатно во близина на лекарот. Но, решила да ги потисне чувствата тешејќи се со помислата дека со негова помош ќе стане мајка.
Шерон и нејзината 33-годишна ќерка дури минатата година дознале што всушност направил гинекологот.
Имено, ќерка ѝ Бријана направила ДНК тест со кој се утврдува потеклото. Вакви тестови се достапни во САД и за домашна употреба.
„Доживувам криза на идентитетот. Целиот живот ова било скриено од мене. Се чувствував трауматизирано, сигурно исто и мајка ми, а фактот што јас сум резултат од злоделото на гинекологот ми е одвратно“.
Ќерката на Шерон
Кога ги добила резултатите од тестот, Бријана сфатила дека во нејзина близина живеат и барем 16 полубраќа и полусестри. Поради ова, гинекологот најверојатно им го направил истото на многу други жени.
Сега Шерон поднела тужба против гинекологот.
Не е познато дали и другите жени ќе го тужат, но наводно од 1986-та до 2005-та, тој имал уште девет други тужби од пациенти.
Спирова С. | Црнобело