„Сакав да станам инфлуенсерка и заглавив со долг од 14.000 евра - купував скапи работи и одев во минус“

Обидувајќи се да живее совршен живот како на Инстаграм, 37-годишна Англичанка преку кредитни картички трошела многу повеќе отколку што заработува и набрзо насобрала долг од дури 14.000 евра. Сега ја споделува приказната за да ги предупреди другите да не ја прават нејзината грешка.

zaglaviv-so-dolg-od-14-000-evra-bidejkji-sakav-da-stanam-influenserka-kupuvav-skapi-raboti-so-kreditni-kartichki-01.jpg

Иако е јасно дека она што го гледаме на Инстаграм е далеку од реалноста, многумина сепак копнеат по совршениот живот на инфлуенсерите.

Се споредуваат и пробуваат да достигнат идеал кој не постои, а одовде потекнуваат многу проблеми како, на пример, ниска самодоверба.

Обидувајќи се самата да стане инфлуенсерка со совршен живот, Сара Бартлет од Англија си создала друг проблем – направила долг од речиси 14.000 евра кој немала како да го исплати.

37-годишната Англичанка вели дека обидувајќи се да прикаже совршенство на Инстаграм, станала зависна од купување, па на крај завршила со над осум кредитни картички кои не можела да ги исплати.

zaglaviv-so-dolg-od-14-000-evra-bidejkji-sakav-da-stanam-influenserka-kupuvav-skapi-raboti-so-kreditni-kartichki-02.jpg

Кога сфатила дека има сериозен проблем, Сара побарала професионална помош, почнала да ги исплаќа долгот и сега должи уште околу 800 евра.

„Дефинитивно бев зависна. Ги игнорирав проблемите бидејќи уживав во допаминот што го чувствував кога купував“, вели таа.

Платата на Сара изнесува околу 30.000 евра годишно и истакнува дека дефинитивно не можела да си го дозволи животот што го презентирала на Инстаграм.

zaglaviv-so-dolg-od-14-000-evra-bidejkji-sakav-da-stanam-influenserka-kupuvav-skapi-raboti-so-kreditni-kartichki-03.jpg

Проблемите започнале кога во 2015-та решила да се почести со автомобил откако добила унапредување.

Автомобилот чинел нешто повеќе од 12.000 евра, а таа го платила со кредитна картичка.

Додека го исплаќала тој долг, дознала за трансфер на средства, па почнала да префрла пари од една на друга картичка, зголемувајќи си го долгот.

„Од кредитната картичка префрлив пари на мојата банкарска сметка и така го платив автомобилот. Потоа ја исплаќав таа кредитната картичка со друга.

Мислев дека го исплаќам автомобилот, но постојано купував и други работи и сето се претвори во круг, а долгот на крај изнесуваше 14.000 евра“.

zaglaviv-so-dolg-od-14-000-evra-bidejkji-sakav-da-stanam-influenserka-kupuvav-skapi-raboti-so-kreditni-kartichki-04.jpg

Сара трошела пари за скапа облека, нови смартфони, јадење во луксузни ресторани, па дури и за скапи свеќи.

„Сакам убави работи и веројатно немам доволно финансии да си ги дозволам, но тогаш не сакав убавото искуство да заврши“, вели таа.

Секој месец, Сара можела да плати барем минимална рата за картичките, но наместо тоа, одлучувала да си купи нешто, а за ратата да се грижи утре.

„Знаев дека ќе ми пуштат плата, па ако сакав нешто си го купував. Но, никогаш не следев колку трошам. На некој начин, живеев од платата до плата.

Сакав да изгледам добро на Инстаграм и морав да го одржувам тој имиџ. Сакав да се почувствувам како да сум дел од таа група“.

zaglaviv-so-dolg-od-14-000-evra-bidejkji-sakav-da-stanam-influenserka-kupuvav-skapi-raboti-so-kreditni-kartichki-05.jpg

Сара се освестила за нејзиниот проблем во 2021-ва, кога се преселила во нов дом. Морала да плаќа дупло повисока кирија, а веќе секој месец трошела многу повеќе пари отколку што заработувала.

Набрзо потоа побарала професионална помош за да се ослободи од зависноста и да си го среди животот. Почнала внимателно да го планира секој цент од платата и постепено почнала да го намалува долгот.

„Од јануари 2023 трошам и помалку од предвидениот буџет. Па, сите пари што се вишок веднаш ги користам за отплатување на долгот“.

Сара истакнува дека на многу луѓе не им е јасно колку лесно можат да заглават во долгови, па ја споделува нејзината приказна за да им помогне на другите.

Таа смета и дека училиштата треба повеќе да ги едуцираат децата за кредитни картички и долгови.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg