Екстремно слаба инфлуенсерка критикувана за промовирање анорексија - следбениците почнале да се јавуваат во полиција (фото)

Загрижени дека има нарушување во исхраната кое може да биде смртоносно, бројни следбеници на инфлуенсерката Евгенија Куни oд Лондон почнале да се јавуваат во полициската станица во нејзиниот град за некој да ја провери. Во 2016-та, нејзините следбеници потпишаа петиција со цел да ѝ се забрани да објавува фотки и видеа бидејќи сметаат дека промовира анорексија.

ekstremno-slaba-influenserka-kritikuvana-za-promoviranje-anoreksija-sledbenicite-pochnale-da-se-javuvaat-vo-policija-foto-01.jpg

Евгенија Куни од населбата Гринвич во Лондон, Англија е 29-годишна тиктокерка која сериозно ја загрижува јавноста со својот изглед. И тоа до тој степен, што локалната полиција почнала да добива повици од загрижени фанови од целиот свет.

Евгенија е премногу слаба, а јавноста е загрижена дека со нејзиниот изглед промовира анорексија. Кога ќе се земе предвид дека социјалните мрежи ги користат млади девојчиња, јавноста смета дека со своите видеа, Евгенија им создава погрешна слика за тоа како треба да изгледаат.

ekstremno-slaba-influenserka-kritikuvana-za-promoviranje-anoreksija-sledbenicite-pochnale-da-se-javuvaat-vo-policija-foto-02.jpg

Медиумот TMZ ја контактирал полицијата во Лондон, од каде што добиле изјава од полицаец кој потврдил дека добивале телефонски повици.

Повеќето луѓе кои се јавувале ги замолиле полицајците да ја проверат Евгенија дали е во ред. Дел од нив, пак, мислеле дека мајка ѝ ја присилува да снима видеа за Јутјуб и ТикТок, но и да го одржува екстремно слабиот изглед.

Полицаецот споделил дека по бројните повици, ја контактирале Евгенија и утврдиле дека сè е во ред. Тој тврдел и дека без разлика што е многу слаба, Евгенија сепак јадела и не страдала од анорексија.

ekstremno-slaba-influenserka-kritikuvana-za-promoviranje-anoreksija-sledbenicite-pochnale-da-se-javuvaat-vo-policija-foto-03.jpg

Евгенија има над 700.000 следбеници на Инстаграм, како и 2,6 милиони следбеници на ТикТок.

Во објавите, најчесто се фокусира на мода.

Сепак, на следбениците многу повеќе „им паѓа во око“ нејзиниот екстремно слаб изглед, а ова се забележува и на коментарите под објавите.

ekstremno-slaba-influenserka-kritikuvana-za-promoviranje-anoreksija-sledbenicite-pochnale-da-se-javuvaat-vo-policija-foto-04.jpg

Многумина се чудат и како социјалните мрежи дозволуваат објави на кои се промовираат нарушувања во исхраната.

„Има луѓе кои умираат и немаат избор. Ти избираш да изгледаш вака. Ти посакувам сè најдобро, но ова ме разгневува“.

„Ова не е смешно. Не ни знам како ти е дозволено да објавуваш видеа и фотки“.

„Промовирањето нарушувања во исхраната е против правилата на Инстаграм, но еве сме. Не ми е јасно како Инстаграм го дозволува ова“.

„Евгенија, изгледаш како постепено да умираш. Те молам побарај помош. Некои од нас навистина сме загрижени за тебе“.

ekstremno-slaba-influenserka-kritikuvana-za-promoviranje-anoreksija-sledbenicite-pochnale-da-se-javuvaat-vo-policija-foto-05.jpg

Ова не е првпат Евгенија да предизвика лавина негативни реакции.

Таа ја почнала онлајн кариерата во 2013-та, објавувајќи туторијали за шминкање и совети за убавина.

До 2016-та веќе имала многу следбеници, кои тогаш почнале да ја молат да побара помош за здравствената состојба. Дел од нив потпишале и петиција за да ѝ се забрани да снима видеа на Јутјуб бидејќи промовира анорексија.

„Евгенија Куни има сериозен здравствен проблем и треба да побара помош. Има влијание врз нејзините следбеници.

Можеби не го прави ова намерно, но во 50% од објавите си го покажува телото и со ова не им помага на девојките кои страдаат од анорексија или друго нарушување во исхраната“, напиша тогаш девојката што ја започна петицијата која собра над 18.000 потписи.

ekstremno-slaba-influenserka-kritikuvana-za-promoviranje-anoreksija-sledbenicite-pochnale-da-se-javuvaat-vo-policija-foto-06.jpg

По ова, Евгенија даде изјава:

„Некои луѓе велат дека имам лошо влијание врз девојките. Само сакам да знаете дека никогаш не сум сакала да имам лошо влијание на Јутјуб или каде било. Никогаш не би го направила тоа.

Никогаш не сум ги советувала следбениците да ослабат, да си го променат изгледот или да пробаат да изгледаат како мене“.

Петицијата се покажа како неуспешна и Евгенија до денес објавува фотки и видеа. Самата нема потврдено дека има нарушување во исхраната, но следбениците сметаат дека тоа е повеќе од очигледно.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Го испеаја евровизискиот хит „Бандидо“ во 1990 година – Како изгледаат денес сестрите Салазар? Сестрите кои го освоија 5-тото место на Евровизија во 1990 година ја газат седма...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
По видеата на кои се прејадува и плаче, во тајност ослабел 100kg – Трансформацијата на јутјуберот Ни... Јутјуберот кој се прослави со видеата на кои јаде огромна количина храна, но и п...
Има два клима уреди во секоја училница - Како изгледаат кинеските државни училишта? Воодушевена од изгледот на кинеските училишта, жена - доселеничка во Шангај, спо...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Зошто ме разочара Миконос и нема да се вратам таму никогаш повторно?“ „Јас можам да си дозволам да си платам квалитетна храна и пијалаци, но тоа не зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg