Детенце (11) од Англија е ѕвезда на Инстаграм поради долгата, бујна коса (фото)
- Детали
- недела, 22 октомври 2023
11-годишниот Фарук Џејмс од Англија е препознатлив по долгата, бујна коса. Но, токму неговата уникатна фризура му претставувала проблем. Кога требало да се запише во прво одделение, мајка му добила ултиматум – или да го потстрижи, или да бара друго училиште…
Фарук Џејмс е 11-годишно момче кое е ѕвезда на Инстаграм благодарение на неговиот изглед.
Малиот Фарук, кој има над 250.000 следбеници на Инстаграм, има долга, бујна коса на која би позавиделе сите.
Благодарение на уникатниот изглед, младото момче е и модел, но мајка му вели поради косата имал проблеми со училиштето.
Фарук живее во Англија со семејството, а некои тамошни училишта имаат строги правила кога станува збор за изгледот на учениците, вклучувајќи ја и должината на косата на момчињата.
Поради ова, кога Фарук требало да се запишува во прво одделение, бил одбиен.
Односно, мајка му добила ултиматум – или да му ја потстриже косата, или да најде друго училиште.
На крај, таа се изборила за правото нејзиниот син да може да се запише на училиште, без да ја потстрижува косата.
Додека мајката на Фарук е Британка, татко му потекнува од Гана.
За Африканците, косата претставува важен симбол, па токму затоа родителите дозволиле Фарук да ја порасне неговата.
Од истата причина, тие се противеле на наредбата на училиштето да го потстрижат.