„Имам 35 години и девица сум – помислата да бидам со маж ме преплашува“

Ања (35) од Англија има социјална анксиозност поради што никогаш во животот немала дечко. Таа немала односи, а нема ни бакнато машко. Сега вели дека го дава најдоброто од себе да ја надмине анксиозноста и конечно да си најде партнер.

imam-35-godini-i-sum-devica-pomislata-da-bidam-so-mazh-me-preplashuva-01.jpg

Ања Панчал има социјална анксиозност и вели дека поради ова никогаш не била на романтичен состанок.

35-годишната девојка досега немала сексуални односи, а уште го чека и нејзиниот прв бакнеж.

Таа вели дека самата помисла да зборува со маж ја преплашува, а не па да помисли да излезе со некого.

Ања од Англија живее со нејзините родители, но вели дека сега се чувствува подготвено да ги надмине проблемите со менталното здравје и да си го подобри животот.

imam-35-godini-i-sum-devica-pomislata-da-bidam-so-mazh-me-preplashuva-02.jpg

„Никогаш сум немала самодоверба да зборувам со маж – не знам што да кажам. Сите мои пријателки се во брак и имаат деца и се чувствувам како да живеам во нивна сенка.

Никогаш сум немала романтичен бакнеж како на филм. Чудно ми е што сум девица на моја возраст. Моите родители се во брак 40 години и сакаат да ме видат среќна со вистинскиот партнер.

Сакам да се поврзам со некого повеќе од физичката страна на врската, но за да стигнам до тоа, треба да одам на состанок. Но, помислата да разговарам со маж ми создава анксиозност“.

imam-35-godini-i-sum-devica-pomislata-da-bidam-so-mazh-me-preplashuva-03.jpg

Ања има социјална анксиозност и во училишните денови била малтретирана поради ова. Малтретирањето, пак, дополнително ѝ ја влошило состојбата.

Нејзините проблеми почнале на 16-годишна возраст кога ѝ се јавила и депресија.

Тој период почнала да се изолира и со текот на времето ѝ се јавила и анксиозноста.

imam-35-godini-i-sum-devica-pomislata-da-bidam-so-mazh-me-preplashuva-05.jpg

За среќа, успеала да запознае пријатели преку Фејсбук.

„Кога конечно најдов пријатели, беше прекрасно. Конечно можев да излегувам, да одам во салон за убавина и да одам на кино.

Пробав и апликации за состанување. но ми изгледаше како сите мажи таму да се заинтересиран само за секс“.

imam-35-godini-i-sum-devica-pomislata-da-bidam-so-mazh-me-preplashuva-04.jpg

Иако уште се соочува со проблеми, Ања е одлучна дека ќе си го подобри животот.

„Знам дека мора да направам некои промени, во спротивно нема целосно да го искусам животот. Сакам да најдам партнер бидејќи не сакам да жалам кога ќе наполнам 70 години“.

imam-35-godini-i-sum-devica-pomislata-da-bidam-so-mazh-me-preplashuva-06.jpg

„Бидејќи никогаш не сум била на состанок, не знам ни од каде да почнам. Помислата да имам односи со маж ме преплашува. Немам никакво искуство, но знам дека сакам да најдам партнер кој е добра личност и кој сака да оди на прошетки.

Најмногу од сè, сакам и емотивна поврзаност бидејќи тоа е најважно – или барем така ми велат“.

imam-35-godini-i-sum-devica-pomislata-da-bidam-so-mazh-me-preplashuva-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg