Необична традиција во Англија: 1.300 луѓе се бањаат голи во море за да ја прослават есенската рамноденица (18+)

Веќе 11 години по ред, во област во Англија локалците, но и туристи од други места, ја слават есенската рамноденица така што се бањаат голи во Северното Море. Годинава на прославата се собраа над 1.300 луѓе кои истовремено собраа и пари за добротворна организација.

neobichna-tradicija-vo-anglija-1-300-lugje-se-banjaat-goli-vo-more-za-da-ja-proslavat-esenskata-ramnodenica-18001.jpg

На 23-ти септември беше есенската рамноденица, а за овој феномен во Англија се одржува навистина необична традиција.

Во областа Нортамберленд во Северна Англија, веќе 11 години по ред, група луѓе се бањаат голи во Северното Море. Традицијата е позната како North East Skinny Dips.

Годинава на настанот присуствуваа околу 1.300 луѓе кои без облека, но дел од нив со шешири, капи и перики, влегоа во морето. Температурата на водата овој период е околу 16 степени Целзиусови.

neobichna-tradicija-vo-anglija-nad-1-300-lugje-se-banjaat-goli-vo-more-za-da-ja-proslavat-esenskata-ramnodenica-foto-12.jpg

Настанот се одржа во недела наутро (24.09), а покрај тоа што има за цел да ја обележи рамноденицата, ова е и настан од хуманитарен карактер.

На пример, годинава беа собрани над 100.000 евра за добротворна организација која се фокусира на проблеми со менталното здравје.

neobichna-tradicija-vo-anglija-nad-1-300-lugje-se-banjaat-goli-vo-more-za-da-ja-proslavat-esenskata-ramnodenica-foto-10.jpg

„Нема подобар начин да се прослави есенската рамноденица од тоа да се соблечеме голи на изгрејсонце и слободно да истрчаме во Северното Море со стотици други луѓе.

Овој настан е славење на животот, на природата. Славење на нашите уникатни физичка тела“, велат организаторите.

neobichna-tradicija-vo-anglija-nad-1-300-lugje-se-banjaat-goli-vo-more-za-da-ja-proslavat-esenskata-ramnodenica-foto-06.jpg

Покрај тоа, целта е и да се привлече внимание за проблемите со менталното здравје, но и дружбата и поддршката помеѓу учесниците.

neobichna-tradicija-vo-anglija-nad-1-300-lugje-se-banjaat-goli-vo-more-za-da-ja-proslavat-esenskata-ramnodenica-foto-13.jpg

neobichna-tradicija-vo-anglija-nad-1-300-lugje-se-banjaat-goli-vo-more-za-da-ja-proslavat-esenskata-ramnodenica-foto-09.jpg

„Можеби најважно, настанот е за да си покажеме поддршка едни на други во ова чудно нешто наречено живот.

Сите се пријателски настроени и новите учесници се добредојдени. Овде создаваме прекрасна атмосфера на обединетост и соединување со природата. Секој е добредојден!“, велат организаторите.

Повеќе фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg