Ексклузивен, а празен град
- Детали
- четврток, 01 декември 2011
Кангнбаши е град во северна Кина кој има модерни кули со стаклени фасади, импресивни административни центри, згради, музеи, театри. Сепак...
...во овој град кој е направен за милион жители, до сега се доселени само 20.000 луѓе.
Кангбаши бил сон на локалниот секретаријат на Комунистичката партија, град кој требал да биде „споменик на благосостојбата во земјата“.
На почетокот на изградбата настанал инвестициски бум. Локалната власт, само во патна мрежа вложила 310 милиони долари.
Повеќето станови кои сега се ненаселени, купени се уште пред да бидат изградени. Купците биле воглавно Кинези од средната класа кои вложиле во свој втор или трет стан верувајќи дека недвижнините ќе бидат сигурна инвестиција. Но, сега за сега се покажало дека не е баш така.
Бизнисменот Ванг Пен бил еден од купувачите. Потрошил животна заштеда на двособен стан чија вредност само од почетокот на годината паднала за 20%.
Со оглед на тоа дека нема индустрија, градот уште од почетокот се судира со било каква економска логика. И покрај празните улици, проектот за изградбата на Кангбаши и понатаму продолжува.
Погледнете го прилогот за овој град.