„Ја оставив ќерката тинејџер сама и заминав на викенд – ме дочека хорор во домот“

„Ако поканите некого во вашиот дом и нешто се случи, дали е виновен тој што ја направил штетата или тој што ја отворил вратата?“ – прашува оваа мајка, која покажа како изгледал хоророт што го затекнала во својот дом, откако заминале на викенд, а ќерка ѝ правела забава додека била сама.

ja-ostaviv-kjerkata-tinejdjer-sama-i-zaminav-na-vikend-me-docheka-horor-vo-domot-01.jpg

Скршени прозорци, делови од домот што биле опожарени и изгорени, ѓубре насекаде... Една мајка на ТикТок го покажа хоророт што ја дочекал во нејзиниот дом, откако заминала на патување и ја оставила ќерката тинејџер сама дома.

ja-ostaviv-kjerkata-tinejdjer-sama-i-zaminav-na-vikend-me-docheka-horor-vo-domot-02_copy.jpg

Како што вели, таа заминала на викенд патување, а ќерката ја оставила сама дома.

Претходно, ќерка ѝ ѝ најавила дека во нивниот дом ќе се соберат повеќе другарки кои ќе спијат заедно.

„Потоа дошле момчиња и мојата куќа е уништена. Се сеќавам на филмот Project X и мислам дека при крајот имаше експлозија. Мислам дека тоа беше полесно да се исчисти од она што го најдов во мојот дом“ – вели видно вознемирената мајка.

ja-ostaviv-kjerkata-tinejdjer-sama-i-zaminav-na-vikend-me-docheka-horor-vo-domot-03.jpg

Некои од момчињата сметале дека е забавно да запалат дезодоранс и да горат делови од домот, други пак да ја преполнат кадата со балончиња, а откако мајката го испразнила базенот во него нашла ножеви, варени јајца, а некому му се слошило во креветот на мајката.

„Само што ги прегледав видеата на телефонот, некому му се слошило додека бил во мојот кревет и врв на сè е што украле голем број предмети од мојот дом“ – вели таа.

ja-ostaviv-kjerkata-tinejdjer-sama-i-zaminav-na-vikend-me-docheka-horor-vo-domot-05.jpg

Најинтересно е што мајката воопшто не ја обвинува ќерка си за тоа што се случило. Иако, вели дека ќерката ќе си добие соодветна казна, сепак тврди дека таа е добро дете, што се обидело колку може да ги санира штетите.

„Таа поканила некои деца со кои не се дружи постојано. Тоа се деца со кои неодамна пак почна да се дружи, а тие поканиле други луѓе.

Ако поканите некого во вашиот дом и нешто се случи, дали е виновен тој што ја направил штетата или тој што ја отворил вратата?“ – прашува таа.

ja-ostaviv-kjerkata-tinejdjer-sama-i-zaminav-na-vikend-me-docheka-horor-vo-domot-06_copy.jpg

За крај оваа мајка појаснува дека штетите не настанале за време на забавата, туку наредното утро кога ќерката ги замолила да ѝ помогнат да го среди домот.

Наводно, момчињата гневни, тогаш одлучиле дека треба да ја демолираат куќата.

@resolutera

#party #teen #houseparty #rant #cleaningtiktok #parents

♬ original sound - Insignificant me

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg