„Го посвоив бебето на бившата сопруга на мојот партнер, откако таа почина – го сакам како свој син“
- Детали
- недела, 03 септември 2023
„Знаев дека влегувам во животот на дете што никогаш не сум го сретнала и бев загрижена дека нема веднаш да го засакам. Но, тој ми го украде срцето“ – приказната за оваа хумана жена ќе ви ги стопи срцата. Таа морала да остави сѐ зад себе за да го посвои детето на поранешната сопруга на партнерот.
Кристи Вертс (48) од Охајо и нејзиниот сопруг Весли (45) се запознале пред 5 години и живеат заедно со нивните 5 деца.
Кристи има две биолошки деца, Меган (21) и Ванс (15), и Весли има две деца од бракот со првата сопруга, Остин (14) и Дакота (10), а заедно се грижат и за малото бебе Леви коешто го посвоиле.
Бебето Леви е син на поранешната сопруга на Весли, што таа го добила од врска со друг маж, а парот го посвоил откако таа починала по подолга борба со зависности.
Кристи вели дека веднаш одлучила дека сака да го посвои бебето и да го одгледа како свој син.
„Кога слушнав за Леви, без размислување реков дека треба да го земеме кај нас. Јас пораснав во дом и иако во најголем дел немав лошо искуство, не сакав нејзиниот син да оди во згрижувачко семејство.
Мојот сопруг не зборуваше многу со семејството на неговата поранешна сопруга, но знаеме дека таа почина само неколку дена откако се породи со Леви“ – раскажува Кристи.
Патот до посвојување на бебето воопшто не бил лесен. Парот морал да го продаде својот дом во Охајо и да се пресели во Тексас, каде изнајмиле куќа, а во првите 16 месеци биле само згрижувачи на бебето, пред да им биде дадена можност да го посвојат во јануари годинава.
Во тој период во нивниот дом имало редовни инспекции од социјални работници кои проверувале како Кристи и Весли се грижат за децата и за бебето.
Освен што не сакала бебето да оди во дом или згрижувачко семејство, Кристи вели дека одлуката ја донела и затоа што сакала Леви да расте заедно со неговите полубрат и полусестра, коишто живеат со неа.
„Ако кажам дека не бев вознемирана, ќе ве излажам. Многу сакам деца и веднаш се поврзав со моите посвоени деца, исто така на прв поглед се вљубив и во моите биолошки деца.
Но, ова беше различно – знаев дека влегувам во животот на дете што никогаш не сум го сретнала и бев загрижена дека нема веднаш да го засакам. Но, тој ми го украде срцето.
Исто така, веднаш почувствував потреба да го заштитам“ – вели таа.
Леви сега има 2 години и е најмал член во семејството, а Кристи вели дека кога ќе порасне тие ќе му кажат колку многу се бореле за да му овозможат тој да порасне заедно со нив.
Инаку Кристи на својот ТикТок профил редовно објавува видеа од нејзиното семејство, а по повод вториот роденден на Леви покажа како изгледале миговите откако го посвоиле, до денес.
Погледнете го видеото:
@cjthemom5 Happy birthday Levi #birthday #2yearslater #storytime #toddler me@Ms Rachel #adoptionstory @ophelia 🦋 #foryou #fyp #foryou
♬ Beautiful Paradise - Aga Alamsyah
Б. С. Б. | Црнобело