Секојдневие во Австралија: Огромен питон се влече на семејната куќа додека семејството седи во дворот (видео)
- Детали
- вторник, 29 август 2023
„Само во Австралија можете да видите 5 метри долг питон во предградието“ – се вели во описот на видеото во кое се гледа како огромна змија се влече на кровот од семејната куќа додека семејството седи во дворот. Сите се збунети од реакцијата на луѓето кои ја снимиле змијата.
Огромна змија питон е снимена како се движи од покривот на семејна куќа кон околните дрвја во Квинсленд, Австралија. Семејството уживало во семејниот двор кога во еден миг забележале како огромната змија се влече на покривот на нивната куќа.
Видеото е споделено на социјалните мрежи, а многумина коментираат за смиреноста на семејството што го снима настанот и за тоа како тие се смеат и се шегуваат на сметка на (не)очекуваниот посетител.
Други пак коментираат, дека во Австралија, ваквите змии се присутни насекаде и дека локалното население е навикнато на средбите со нив, па затоа и не паничат премногу.
Во еден миг во видеото се слуша како мало дете плаче во моментот кога огромниот питон ја покажува главата низ крошната на дрвото, а повозрасните му велат: „Биди храбар!“.
„Како ќе ја тргнеме оттаму змијата? Сигурно тато ќе може да ја фати...“ – прашува детето.
„Не, не. Тато се плаши од змии“ – му одговараат возрасните.
Видеото за првпат беше споделено на ТикТок, и досега има над 20 милиони прегледи, а до него стои описот:
„Само во Австралија можете да видите 5 метри долг питон во предградието.“
@iamiandyi Only in Australia will you see a 5 metre long Carpet Snake in the suburbs. PART 2 now available! #snake #onlyinaustralia🇦🇺 #sellthehouse
♬ original sound - Andrew Anthony
Б. С. Б. | Црнобело