Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми даваа храна, спиев на валкан кревет“

Една вечер, Том ги слушнал Сара и Џорџ како имаат секс, по што му станало јасно дека почнале афера. А, кога им кажал за тоа, тие само му се смееле.

Со ова почнала тортурата.

mazh-so-cerebralna-paraliza-bil-zatvorenik-vo-svojot-dom-soprugata-i-nejziniot-ljubovnik-ne-mi-davaa-hrana-spiev-na-valkan-krevet-13.jpg

„Четири години поминав во темница, само со столна ламба до мене“.

Сара и Џорџ целосно го запоставиле Том – не му давале доволно храна, а еден период поминал и пет недели без да се истушира. Цела година Том не можел ни да се измие заби.

Истовремено, тие постојано го навредувале, му кажувале дека е бескорисен и дека никој не го сака.

mazh-so-cerebralna-paraliza-bil-zatvorenik-vo-svojot-dom-soprugata-i-nejziniot-ljubovnik-ne-mi-davaa-hrana-spiev-na-valkan-krevet-15.jpgСобата во којашто бил затворен Том

„Ми даваа храна и вода само колку да преживеам. Не се сеќавам на многу работи бидејќи пробав да ги блокирам“.

Сара и Џорџ успеале и да го изолираат Том од неговото семејство.

„Сето се случуваше постепено. Мајка ми или сестра ми ќе дојдеа на шолја чај, но Сара им велеше дека сум болен. Ако ми се јавеа мене и ме прашаа дали сум добар, морав да лажам.

На почетокот ги лажев за да ги заштитам. Но, дури и ако сакав да им кажам, Сара и Џорџ ми ги следеа сите повици и пораки“.

mazh-so-cerebralna-paraliza-bil-zatvorenik-vo-svojot-dom-soprugata-i-nejziniot-ljubovnik-ne-mi-davaa-hrana-spiev-na-valkan-krevet-04.jpgТом со мајка му и сестра му

Но, за семејството на Том да не се сомнева, Сара одела дотаму што некогаш го носела на семејни собири.

„На Божиќ или некој роденден, ќе ме исчистеа, ќе ме избричеа, и штом ќе завршеше настанот, сè се враќаше по старо. Секако, Сара никогаш не ме оставаше сам“, вели Том истакнувајќи дека веќе дотогаш немал ни сила да се спротивставува.

Tom-Somerset-How2.jpg

Во 2020 година, Том добил мејл од пријателка.

„Си разменивме неколку мејлови, и таа сфати што ѝ кажувам. Се загрижи и ѝ се јави на мајка ми. Тогаш мајка ми ми се јави и ми постави едноставно прашање: ’Сакаш ли да те извадиме оттаму?‘ Јас ѝ реков да“.

mazh-so-cerebralna-paraliza-bil-zatvorenik-vo-svojot-dom-soprugata-i-nejziniot-ljubovnik-ne-mi-davaa-hrana-spiev-na-valkan-krevet-08.jpg

На 19-ти август 2020 година, мајка му отишла во неговата куќа со полиција и социјални служби.

„Дојде социјален работник и ја слушнав Сара како прашува што се случува. Ѝ кажаа дека побарав да бидам отстранет од куќата“, се присетува Том на моментот кога сфатил дека конечно е слободен.

mazh-so-cerebralna-paraliza-bil-zatvorenik-vo-svojot-dom-soprugata-i-nejziniot-ljubovnik-ne-mi-davaa-hrana-spiev-na-valkan-krevet-09.jpgТом со семејството

Иако сега е на безбедно, Том вели дека трпи последици од целото искуство.

„Психолошка и емоционалната штета нема да поминат. Повеќето ноќи спијам најмногу три часа“.

Истовремено, бидејќи четири години не добивал никаква физикална терапија, и неговото тело е во полоша состојба.

Том вели дека е пресреќен што Сара и Џорџ завршиле во затвор и се надева дека неговото искуство ќе ги натера надлежните да им го олеснат барањето помош на луѓе кои се ранливи како него.

mazh-so-cerebralna-paraliza-bil-zatvorenik-vo-svojot-dom-soprugata-i-nejziniot-ljubovnik-ne-mi-davaa-hrana-spiev-na-valkan-krevet-02.jpgСара и Џорџ

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg