Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми даваа храна, спиев на валкан кревет“
- Детали
- среда, 30 август 2023
„Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива парализиран маж кој бил затвореник во сопствениот дом поради неговата сопруга и нејзиниот љубовник. Тие целосно го запоставиле, додека му ги краделе парите што ги добивал како помош од државата. Неодамна, сопругата и љубовникот добија 11-годишна казна затвор, додека мажот ја раскажува својата потресна приказна за да ја зголеми свесноста за ранливоста на луѓето како него.
Том Сомерсет Хаус од Англија има церебрална парализа, не може да ги движи рацете и нозете и има проблеми со видот поради што му е потребна 24-часовна нега.
Но, личноста на која ѝ верувал дека ќе се грижи за него му приредила ужасно страдање.
40-годишниот Том бил како затвореник во неговиот дом поради неговата сопруга Сара (49). Таа најмила маж кој требало да се грижи за сопругот, но наместо тоа, почнала афера со него, па дури и го малтретирала беспомошниот Том.
Том и сестра му
Најголемиот дел од времето Том бил присилен да го минува во валкан кревет. Добивал и минимално количество храна, само колку да не умре.
Во меѓувреме, сопругата и мажот ја користеле социјалната помош што ја добива Том за да си заштедат за стан, но и да излегуваат и да се забавуваат.
„Во повеќето денови, кога ќе се разбудев, посакував воопшто да не сум се разбудил. Кога сфатив дека тоа е мојот живот, сакав да се самоубијам.
Но, не можев да го направам ни тоа без нечија помош“, се присетува Том на страшното искуство.
Том со неговата мајка
Голготата на Том се случила пред три години, а неодамна сопругата и нејзиниот љубовник Џорџ добија 11-годишна казна затвор.
Сега, тој ја споделува неговата приказна, најмногу со цел да му покаже на светот колку е лесно да бидат експлоатирани лицата со инвалидитет како него.
Том е близнак, но за разлика од сестра му Кејт, кога се родил имал недостаток од кислород во мозокот. По ова бил дијагностициран со церебрална парализа.
Том и сестра му
Од 8-годишна возраст почнал да користи електрична инвалидска количка, а му биле направени и 12 операции.
Проблемите со видот почнале да му се јавуваат изминатите неколку години.
И покрај проблемите со здравјето, Том завршил факултет, а на 25-годишна возраст почнал и врска со Сара.
Том со родителите на денот на дипломирањето
Во 2012 година Сара и Том се венчале.
„Ја сакав. Не ми се веруваше дека некој воопшто ќе сака да стапи во брак со мене“, се присетува Том.
Поради здравствените проблеми, во нивниот дом постојано имало лице кое се грижело за Том во работните денови, додека Сара ја преземала грижата за викендите.
Сара
Во 2016-та, Сара го најмила Џорџ Веб како негувател на Том за работните денови. Овој период почнал да се влошува и односот помеѓу нив.
„Неколкупати ја прашав дали е несреќна и ѝ реков дека можеме да се разделиме. Таа ми велеше дека сè во ред“.
Џорџ
Со текот на времето, Џорџ почнал да останува и за викенди, а со Сара излегувале заедно и по неколку часа.
Том пробал да ѝ каже на Сара дека сака друг негувател, но таа не дозволувала.