„Облечи зелено ако си киднапирана“ - Брачен пар со 19 години разлика е мета на навреди поради возраста
Оттогаш Мајкл има помалку демначи. Но, истовремено тој изгубил многу лојални следбеници бидејќи открил дека е во врска.
„Кога првпат почнав да објавувам на Инстаграм за Емили, мислам дека изгубив околу 8.000 следбеници само во првата недела.
Во коментарите велеа: ‘Ако носиш зелено на следното видео, значи дека те киднапирале“, па затоа ќе се облечевме во зелено и буквално ќе зборувавме за нашата венчавка“, раскажува Мајкл за Metro.co.uk.
„Јасно дека нема да зборувам за мојата венчавка и да се омажам за овој човек ако ме киднапирал“, додала Емили.
Но, има и такви кои сè уште активно ја напаѓаат Емили, велејќи дека таа има „проблеми со татко си, па затоа избрала стар маж“ или дека „изгледа навистина старо“.
„Добив многу коментари кои велат дека изгледам постаро од Мајкл. Тие велеа: „Ох, оваа девојка има ужасна кожа. Треба да става крема за сончање. Изгледа како да има 60 години“.
Но, не дозволуваме негативните коментари да допрат до нас. Тие луѓе се очигледно тажни и луди и тоа е нивен проблем“, рекла Емили.
Медицинската сестра вели дека најубавиот дел од ТикТок е градењето пријателска заедница и давање совети на луѓе кои и самите се соочуваат со осуда од семејството или пријателите поради тоа што се во врсла каде што постои голема разлика во возраста.
„Секогаш им велам на луѓето, кога правите нешто што ве прави среќни, тоа е најважно. Не можете да се грижите премногу за мислењата на сите“, рече Емили.
А. Ј. | Црнобело