„Облечи зелено ако си киднапирана“ - Брачен пар со 19 години разлика е мета на навреди поради возраста

„Тој те изневерува. Облечи зелено ако те киднапирале“ - сопружници кои имаат 19 години разлика во возраста, добиваат закани и бизарни пораки секојпат кога ќе споделат нешто јавно за својата врска.

nepoznati-lugje-mi-se-javuvaa-na-telefon-i-me-maltretiraa-velat-deka-licham-na-baba-brachen-par-so-19-godini-razlika-dobiva-zakani-poradi-vozrasta-01.jpg

Манекенот Мајкл Џастин (46) и медицинската сестра Емили Даунинг (27), ја почнале својата врска откако се запознале на час по јога во Аризона во 2019 година.

Поради разликата во години, двајцата биле резервирани на почетокот, а потоа Мајкл се преселил во Лос Анџелес за да ја продолжи својата манекенска кариера.

View this post on Instagram

A post shared by Michael Justin (@themichaeljustin)

Емили останала во Аризона за да продолжи да студира за медицинска сестра.

Но, со појавата на пандемијата, тие сфатиле дека не можат да бидат разделени, па Мајкл се вратил во Аризона и решил да не ја држи во тајност нивната љубов – нешто што не го направил никогаш претходно со ниедна девојка.

По објавата на првите фотографии на социјалните мрежи, следбениците на Мајкл почнале да ја малтретираат Емили, дотолку што непознати луѓе ѝ се јавувале на телефон и ја убедувале дека Мајкл ја изневерува.

„Добивав многу застрашувачки пораки на социјалните мрежи, на коментари на фотки, туку директни пораки. И некако го нашле и мојот телефонски број, па во еден момент овие мега обожаватели на Мајкл почнаа да ми кажувааат овие страшни работи.

Знаевме дека се обидуваа да ме натераат да верувам дека Мајкл ме изневерил и се обидуваа да ја раскинат нашата врска.

Тогаш си помислив: „Ајде да ставиме крај на оваа омраза еднаш засекогаш“. Треба само да го прифатиме тоа што се случува, да кажеме дека сме пар и навистина да им покажеме на луѓето дека сме заедно“.

Кога Мајкл отворил ТикТок, парот почнале да го следат луѓе кои имале позитивни реакции за нивната врска, па дури и им барале љубовни совети и совети за запознавање.

@themichaeljustin

Reply to @linnieeelinnieee Who else has an age gap, or wants one??#number1question #agegapcouple #agegaprelationship #silverfox #fypシ

♬ ily (i love you baby) - 2020 Remix - We Rabbitz

Нивното прво видео на ТикТок како пар беше огромен хит и доби три милиони прегледи - неверојатен подвиг во 2020 година, кога апликацијата штотуку почна да се развива на глобално ниво.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg