„Јас сум 38-годишна девица, а имам 25 деца“: Маж кој мрази секс, но обожава деца раскажа за своето уникатно искуство
- Детали
- недела, 20 август 2023
„Речиси сите деца ме нарекуваат вујко, освен двајца што велат дека сум им кум, што е практично ист однос под друго име. Но, реално, јас сум вујкото, забавниот човек кој доаѓа и си игра со нив еднаш месечно. Некои семејства ми дадоа дозвола да ги посетувам и почесто, но се трудам да не го злоупотребувам тоа“, вели Дру Соленбергер.
38-годишниот Дру Соленбергер има 25 деца, иако никогаш во животот немал секс. Тој е асексуална личност, но веќе 16 години донира сперма, а тоа довело до 25 успешни бремености.
Овој софтверски инженер од Мериленд, САД, сфатил дека не го интересира сексот кога имал 22 години. Тој нема ни романтична ни сексуална привлечност кон двата пола, а и покрај тоа уште од тинејџерските години сака да биде татко.
Откако неговата сестра родила бебе на 18 години, Соленбергер почнал да волонтира со деца.
„Сфатив дека навистина сакам деца. Единственo ми пречеше што волонтерството што го имав беше краткотрајно. Ќе се грижев за детето еден ден, ќе се вклучев во разни активност, а потоа детето ќе продолжеше со својот живот“, вели тој за Daily Mail.
Тогаш Дру дознал за Known Donor Registry, веб-страница што поврзува семејства и неплодни парови со донатори на сперма. Тој се приклучил и на Фејсбук групата Sperm Donation USA.
Сега тој има редовен контакт со осум деца на чии родители им помогнал да „забременат“ и ги гледа еднаш месечно.
„Првично сакав многу контакт со децата. Но, се повлеков од тоа поради повеќе причини. Луѓето само ќе те лажат и ќе речат дека сакаат контакт, а не сакаат.
Затоа е подобро да ми кажат каков контакт сакаат и јас ќе го почитувам тоа, наместо да ми даваат лажна надеж и да ја рушат одново и одново“, вели тој.
Соленбергер претходно за ABC20/20 изјави дека не сака да заработува од донирање на својата сперма.
„Би сакал да имам стандардно семејство. Но, за да го направам тоа, морам да се оженам, а јас решив дека нема да се женам, но сакав дете“, рече тој.
Дру откри дека децата обично го нарекуваат вујко или кум кога ги посетува.
„Речиси сите деца ме нарекуваат вујко, освен двајца што велат дека сум им кум што е практично истиот однос под друго име. Но, реално, јас сум вујкото. Јас сум забавниот човек кој доаѓа и си игра со нив, обично еднаш месечно.
Некои семејства ми дадоа дозвола да ги посетувам и почесто, но се трудам да не го злоупотребувам тоа, па одам само еднаш во месецот“.
А. Ј. | Црнобело