Најпопуларните имиња во земјите низ светот за изминатата година
- Детали
- четврток, 17 август 2023
Марија е најпопуларното женско име во светот, додека Мохамед е најпопуларното машко. Кои се најпопуларните имиња во државите ширум светот?
Веб-сајтот Letter Solver направи забавно истражување со цел да ги открие најпопуларните машки и женски имиња ширум светот.
Извештајот е направен во мај годинава, а податоците се однесуваат на претходните 12 месеци. Односно, од мај 2022 до мај 2023 година.
Тие користеле податоци од секоја држава која се достапни за јавноста и дошле до заклучок дека најпопуларното машко име во светот е Мохамед. Ова име е лидер во десет држави ширум светот.
Марија е најпопуларното женско име во светот. Ова име, или варијации од него, е лидер во дури 17 држави.
Според податоците од Државниот завод за статистика во Македонија, во 2022-ра кај нас најпопуларни се имињата Лука и Софија. Машкото име е исто и во истражувањето, додека за најпопуларно женско е избрано името Јана.
Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.
Кои се најпознатите имиња во дел од државите ширум светот?
Најпопуларни женски имиња:
- Бугарија - Викторија
- Србија - Софија
- Албанија - Амелија
- Словенија - Ема
- Австрија – Мари
- Белгија – Оливија
- Хрватска – Миа
- Данска – Ела
- Англија и Велс – Оливија
- Естонија – Миа
- Финска – Оливија
- Германија – Емилија
- Унгарија – Хана
- Ирска – Емилија
- Италија – Софија
- Холандија – Ема
- Португалија – Марија
- Романија – Марија
Најпопуларни машки имиња:
- Бугарија - Александер
- Србија - Лука
- Албанија - Ноел
- Словенија - Филип
- Австрија – Пол
- Белгија – Ноа
- Хрватска – Лука
- Данска – Вилијам
- Англија и Велс – Ноа
- Естонија – Робин
- Финска Лео
- Германија – Ноа
- Унгарија – Левенте
- Ирска – Џек
- Италија – Леонардо
- Холандија – Ноа
- Португалија – Франциско
- Романија – Андреј
Погледнете и: Мила, Давид, Eва: Најпопуларните имиња за бебиња во Македонија
Спирова С. | Црнобело
фото: depositphotos.com