Трогателна сцена: Сурфери од Австралија се спасени откако поминале 38 часа среде море, на даски за сурфање (видео)
- Детали
- вторник, 15 август 2023
Сурфери од Австралија поминале 38 часа среде море, држејќи се само за нивните даски за сурфање. Тие исчезнале минатата недела додека со брод оделе кон оддалечен индонезиски остров. На емотивно видео се гледа мигот кога сурферите ја здогледуваат спасувачката екипа, по речиси два дена поминати во вода.
Минатата недела, четворица сурфери од Австралија исчезнаа во близина на далечен индонезиски остров. Со нив биле и двајца сурфери од Индонезија. По повеќе од 38 часа, кога нивните семејства почнале да губат надеж дека преживеале, петмина од сурферите беа најдени.
Тие поминале скоро два дена во морето држејќи се само за нивните даски за сурфање. Едниот со даската успеал да стигне до остров во близина со надеж дека ќе најде помош и бил пронајден набрзо потоа.
За жал, едниот од сурферите од Индонезија уште не е пронајден.
Сега светските медиуми споделија видео од емотивниот момент кога спасувачката екипа ги здогледува среде морето.
На видеото се гледа како Австралијците Стеф Вис, Вил Тигл и Џордан Шорт се радуваат кога го здогледуваат спасувачкиот брод. Кратко потоа бил лоциран и Австралиецот Елиот Фут.
Таткото на Елиот откри дека тој отишол да бара помош, како и дека неговиот син со пријателите бил во Индонезија за да го прослават неговиот 30-ти роденден.
„Ги оставил пријателите за да побара помош. Бродот ги најде нив, па го најдоа и Елиот. Навистина сум среќен како излезе целата ситуација и се надевам дека ќе продолжи со одморот.
Тој е на одлично место за прослава со неговата девојка (Стеф Вис) и уште 10 пријатели“, открива таткото за CNN.
Елит Фут и девојката му Стеф Вис
Пред да исчезнат, сурферите од Австралија тргнале со брод кон оддалечен индонезиски остров со цел да сурфаат. Со нив биле и неколку Индонезијци.
Џордан Шорт
Но, ги начекало лошо време со многу дожд, по што четворицата Австралијци и двајцата Индонезијци исчезнале.
Вил Тигл
На фотки споделени на Инстаграм Стори од страна на пријатели на Елиот Фут, се гледа дека 30-годишниот Австралиец се здобил со изгореници од сонце за време на 38-часовната голгота.
На друга фотка направена кратко по спасувањето, се гледа како Елиот одмора со кригла пиво.
Откако биле пронајдени, сурферите биле однесени на лекар каде што се утврдило дека се во генерално добра состојба. Не се познати идентитетите на двајцата Индонезијци, а надлежните уште трагаат по едниот од нив.
Спирова С. | Црнобело