„Косата на најдобрата другарка на ќерка ми е полна со вошки, а мајка ѝ е веган и не сака да ги убие - Што да правам?“

„Косата на девојчето, кое е најдобра другарка на ќерка ми, е полна со вошки. Решив да поразговарам со нејзината мајка и се шокирав кога дознав дека знае за вошките, но одбива да преземе нешто, бидејќи вели дека веганите не убиваат живи суштества. Наместо тоа, само ја четка косата на својата ќерка во градината и така им дава шанса на вошките да преживеат“. Како би изреагирале вие?

mojata-sosetka-vegan-odbiva-da-ubie-nishto-zhivo-pa-ni-voshkite-na-kjerka-i-shto-da-pravam-01.jpg

Загрижена мајка од Австралија преку порталот 9Coach побарала совет како да се справи со својата сосетка која е веган и поради своите верувања одбива да ги уништи вошките во косата на нејзината ќерка.

Жената веган не сака да ги убие бидејќи се живи и смета дека тоа е грев.

mojata-sosetka-vegan-odbiva-da-ubie-nishto-zhivo-pa-ni-voshkite-na-kjerka-i-shto-da-pravam-03.jpg

Мајката потпишана како Нити, во писмото вели:

„Мојата седумгодишна ќерка е најдобра пријателка со Ривер, девојче од соседството. Нејзините родители се вегани, исто како и таа.

Ние го почитуваме нивниот избор, дури и подготвуваме посебна храна кога девојчето ќе дојде да си игра кај нас. Но, неодамна забележав дека нејзината коса е полна со вошки.

Јасно ми е дека децата повремено фаќаат вошки и тоа е во ред, но решив да поразговарам со нејзината мајка. Бев шокирана кога дознав дека таа знае за вошките, но одбива да преземе нешто, бидејќи веганите не убиваат живи суштества.

Наместо тоа, таа само ја четка косата на својата ќерка во градината и вели дека со тоа им дава шанса на вошките да преживеат.

Не сакам да ги спречам децата да играат заедно, но не гледам што друго да правам. Не сакам и ќерка ми да фати вошки.“

mojata-sosetka-vegan-odbiva-da-ubie-nishto-zhivo-pa-ni-voshkite-na-kjerka-i-shto-da-pravam-04.jpg

Нити бара совет од Александра Карлтон, новинарка од Сиднеј која одговара на писмата од читателите поврзани со нивните проблеми со децата.

Карлтон и самата има 9-годишен син, а во својата долга кариера соработувала со многу психолози, психијатри и научници.

Но, и искусната новинарка не крие дека е збунета и смета дека Нити треба да ја извести сосетката дека Ривер не може да си игра со нејзината ќерка сè додека не го реши проблемот со вошките.

mojata-sosetka-vegan-odbiva-da-ubie-nishto-zhivo-pa-ni-voshkite-na-kjerka-i-shto-da-pravam-02.jpg

„Чешлањето само по себе не е ефикасно, дури и ме ставаш пред искушение да ги убедиш децата да си играат „фризери“ за да го решиш самата проблемот, но мислам дека на тој начин ќе ја вознемириш мајката.

Можеш да ѝ кажеш дека сакаш децата да си играат бидејќи се најдобри другарки, но дека мора да бидеш сигурна дека Ривер нема вошки“, вели Карлтон, меѓу другото, во одговорот.

Како би реагирале вие во ваква ситуација?

А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg