Евакуирани околу 12.000 туристи, најпознатиот туристички град изгоре до темел – Апокалиптични фотки и видеа од пожарите во Хаваи
- Детали
- четврток, 10 август 2023
Силен пожар на островот Мауи на Хаваи...На фотките од пред и потоа може да се види како историскиот град Лахајна на Хаваи, целосно изгорел до темел, а на некои видеа се гледа како запалени парчиња пловат на површината на водата на oкеанот.
Островот Мауи на Хаваи во текот на вчерашниот ден (09.08) беше зафатен од силен пожар во кој речиси до темел изгоре историскиот град Лахајна, кој претставува мошне важен туристички и економски центар на островот.
Според последните информации, до (10 часот) околу 36 лица ги загубиле животите, а гаснењето на пожарите е отежнато заради силните ветрови на ураганот Дора, што го зафати островот.
Со оглед на тоа што островот е омилена дестинација за голем број туристи, повеќе од 11.000 лица со авиони итно биле евакуирани од островот, а се очекува уште 1.500 лица да си заминат во текот на денешниот ден.
Инаку стотици луѓе се пренесени во болниците откако се здобиле со изгореници или вдишале чад, а има и голем број на исчезнати лица.
Погледнете дел од фотографиите и видеата од островот во продолжение:
Како изгледа Лахајна по разорниот пожар?
https://twitter.com/Put201V/status/1689516743813668865
Лахајна пред и потоа
Here is a before and after picture of some of the fire damage in Lahaina HI#lahainafire #MauiFires #MauiCounty #Hawaiifire pic.twitter.com/qihCX9qC1i
-->— Crime With Bobby (@CrimeWithBobby) August 10, 2023
Запалени дрвја пловат на површината на океанот
#Hawaii is on #fire. #Forest fires are spreading rapidly due to arid conditions and strong winds from #Hurricane Dora, which is rated as Level 4#ecology #ecologytoday pic.twitter.com/kWh6E6K2tW
-->— Ecology (@ecology_today) August 10, 2023
Запалени објекти и градби
People associate Hawaiʻi with tropical conditions but rainfall has been decreasing for decades because of climate change, drying out the lush landscape and making it increasingly susceptible to wildfire damage. pic.twitter.com/Q4QHk5uJy0
— David Ho (@_david_ho_) August 10, 2023
Луѓето очајно бегаат додека сѐ околу нив гори, а по улиците лежат повредени луѓе
‼️Wildfires whipped by hurricane winds triggered evacuations in parts of Hawaii on Wednesday with the Coast Guard rescuing some residents forced into the ocean to escape the smoke and flames, officials said. pic.twitter.com/ZbrdFI3CdX
— Truthseeker (@Xx17965797N) August 10, 2023
Б. С. Б. | Црнобело