Манекенка остана без коса поради алопеција: „Се мразев себеси, но денес сум среќна што поминав низ тој пекол“
- Детали
- недела, 06 август 2023
„Беше вистинска траума - ја загубив косата, не работев, веќе не бев популарната русокоса која сите ја сакаа. По природа сум енергична и позитивна личност, но алопецијата ме смени. Како да ми ја исцица душата. Само купував перики и барав начин да бегам од луѓето“, вели манекенката Кристи Валдизери, која повторно стана среќна откако се прифати себеси без коса.
Манекенката и танчарка, Кристи Валдизери, која до пред неколку години се мразеше себеси поради опаѓањето на косата, денес го живее својот сон.
Таа вели дека е благодарна што останала без коса поради алопецијата, бидејќи наместо да се стопи во морето светски модели, се одвојува со својот изглед.
Кристи во 2016 година дознала дека има алопеција – заболување поради кое косата опаѓа во големи парчиња и веќе не расте. Откако ја добила дијагнозата, таа се затворила во себе.
Со текот на времето целата коса ѝ паднала, па таа се соочила со нов проблем – почнала да се мрази себеси и да не сака да се гледа ќелава во огледало. Но, по многу премрежја, решила да се засака себеси каква што е.
„Тоа беше вистинска траума. Ја загубив косата, не работев, веќе не бев популарната русокоса која сите ја сакаа.
По природа сум енергична и позитивна личност. Но алопецијата ме смени. Како да ми ја исцица душата.
Само купував перики и барав начин да бегам од луѓето, од страв дека ќе ми поставуваат секакви прашања“, вели Кристи.
Иако носела перики, не била среќна. Заспивала со плачење, а ако некој кажел нешто на глас за нејзината коса, таа се чувствувала скршено. Носела перика дури и кога се туширала, или кога била сама дома.
Но, Кристи сфатила дека тоа што е поинаква ќе ја одвои од останатите девојки. Во 2018 година се преселила во Калифорнија, почнала да работи како модел и во 2020 година стана првата ќелава манекенка која се фотографираше за Sports Illustrated.
„Не сакав да се кријам. Си помислив – ќе одам на кастинг, ќе облечам бикини и ќе се појавам без коса. Ќе бидам ќелава и убава“, вели таа.
Тогаш првпат сфатила дека може да биде уникатна и своја.
„Се мразев себеси, но денес сум среќна што поминав низ тој пекол“, вели Кристи.
Кристи има уште една страст, а тоа е танцот. Кога почна пандемијата со Ковид 19, таа почнала да држи часови по танц за деца од 3 до 13 години кои имаат алопеција.
„Ова ме врати во живот. Денес сум навистина среќна и благодарна за сè што ми се случи“, додава Кристи.
А. Ј. | Црнобело