Бизарно: Девојка си направи погреб за роденден – лежи во ковчег, пријателите ја оплакуваат

„Поминав низ многу промени оваа година, па сакав да го закопам моето минато. Прекинав свршувачка, морав да почнам отпочеток, па помислив дека е добра идеја да го закопам тоа што починало“, вели девојката што си направи погреб за роденденот.

devojka-si-napravi-pogreb-za-rodenden-lezhi-vo-kovcheg-prijatelite-ja-oplakuvaat-01.jpg

Граци Жервасио, менаџерка за социјални медиуми од Сао Паоло, Бразил, организираше морбидна забава за својот 28-ми роденден. 

Таа избра темата на роденденот да биде погреб, па лежеше во ковчег, а сите нејзини пријатели беа облечени во црнина и глумеа дека плачат по неа.

devojka-si-napravi-pogreb-za-rodenden-lezhi-vo-kovcheg-prijatelite-ja-oplakuvaat-09.jpg

За забавата, која сакала да наликува на вистинска мртоввечница, таа избрала проѕирен секси фустан од тул, високи чизми над колена, и додека лежеше во ковчегот, во рацете држеше бел крин и црвена роза.

View this post on Instagram

A post shared by Grazi🐉 (@grazcg)

Таа се крена од ковчегот за да ги дувне свеќичките на тортата, а потоа фотките и видеото од забавата ги сподели на Инстаграм.

„Умрев за да живеам. А живеењето е премногу добро“, напиша таа.

devojka-si-napravi-pogreb-za-rodenden-lezhi-vo-kovcheg-prijatelite-ja-oplakuvaat-06.jpg

Објавата на Граци предизвика мешани реакции во јавноста.

Едни сметаа дека ова е забавен начин да го прослави роденденот, но повеќето се сложија дека идејата е премногу морбидна.

devojka-si-napravi-pogreb-za-rodenden-lezhi-vo-kovcheg-prijatelite-ja-oplakuvaat-04.jpg

Младата девојка за New York Post, кој ја објави приказната, рече дека идејата на забавата била да го закопа минатото и да почне со нов живот.

„Поминав низ многу промени оваа година, па сакав да го закопам моето минато. Прекинав свршувачка, морав да почнам отпочеток, па помислив дека е добра идеја да го закопам тоа што починало“, рекла таа.

devojka-si-napravi-pogreb-za-rodenden-lezhi-vo-kovcheg-prijatelite-ja-oplakuvaat-08.jpg

devojka-si-napravi-pogreb-za-rodenden-lezhi-vo-kovcheg-prijatelite-ja-oplakuvaat-05.jpg

devojka-si-napravi-pogreb-za-rodenden-lezhi-vo-kovcheg-prijatelite-ja-oplakuvaat-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg