„Нè викна на роденден, па бараше ние да ја платиме сметката од 4.600 долари“ - Кој треба да плати за забавата? (видео)
- Детали
- петок, 21 јули 2023
Кој треба да плати на роденденот според вас - славеникот или гостите? „Ти порача бифтек, а ти јагнешко“ – се слуша во видеото во кое се гледа бурната расправија на една жена која барала пријателите да ја поделат сметката за нејзината роденденска вечера во луксузен ресторан, која изнесувала 4.600 долари.
На социјалните мрежи една жена стана хит благодарение на видео на кое се гледа како таа се расправа со пријателите за да ја поделат сметката за нејзината роденденска забава.
Видеото на ТикТок досега е погледнато над 15 милиони пати, а во него се слуша како славеничката им вели на гостите:
„Ти нарача бифтек, а ти јагнешко, секој нека си плати за себе...“
@viccgotti WHO WAS WRONG IN THIS SITUATION? THAT BILL WAS OVER 4600 dollars. #viccgotti #debate
♬ original sound - Viccgotti
Видеото е објавено на ТикТок од страна на еден од присутните гости, кој напиша:
„Оваа девојка ми беше најдобра другарка уште од 3-то одделение и таа почна да се расправа со другите пријатели и почна да нѐ навредува мене и пријателите затоа што не сакавме да ја платиме сметката која изнесуваше 4.600 долари“.
Како што може да се види од видеото, пријателите се собрале на луксузна вечера во ресторан и мислеле дека ќе може да уживаат на сметка на пријателката која славела роденден, но биле изненадени кога таа побарала секој да даде свој придонес за високата сметка.
„Мене ми е роденден, зошто јас треба да платам за сите?“ – прашува девојката во видеото.
@viccgotti YALL STORY TIME THIS GIRL WAS MY BEST FRIEND SINCE THE 3rd grade … and she got in frint of her other friends ans started acting funny with me they call me and our friends broke because we didnt want to pay a 4600 dollar bill #viccgotti #debate
♬ original sound - Viccgotti
Коментарите за видеото се најразлични. Едни сметаат дека ако девојката планирала секој да си плати сам за себе, тоа требало да им го каже предвреме, а други велат дека воопшто немало потреба да се расправаат, туку секој да си го плати својот дел и да си замине.
Што мислите вие? Кој треба да плати за роденденската забава – славеникот или гостите?
Б. С. Б. | Црнобело