„Кришум влегов со децата во all inclusive хотел во Турција – јадев и пиев бесплатно цела недела и никој не ме забележа“

Една мајка гордо го споделува својот трик на социјалните мрежи. Таа тврди дека успеала бесплатно да ужива во all inclusive услуги во хотел во Турција, користејќи се со трик и за среќа никој не ја фатил. Но, нејзината приказна наиде и на критики. Што мислите вие за оваа постапка?

krishum-vlegov-so-decata-vo-all-inclusive-hotel-vo-turcija-jadev-i-piev-besplatno-cela-nedela-i-nikoj-ne-me-fati-01.jpg

Роксен Балкиунас од Англија со своите две деца во мај била во посета на Ramada Hotel & Suites во Кушадаси, Турција, а по заминувањето, нараквиците за all inclusive услугата ги ставила во својата торба.

krishum-vlegov-so-decata-vo-all-inclusive-hotel-vo-turcija-jadev-i-piev-besplatno-cela-nedela-i-nikoj-ne-me-fati-02.jpg

Кога се вратила дома, случајно забележала дека сѐ уште ги чува, па одлучила да резервира ново патување од 7-ми јули, но овојпат избрала евтин апартман на 10-тина минути од одморалиштето.

Таа и двете деца ги ставиле старите нараквици на рацете и се обиделе да влезат во одморалиштето, па биле изненадени кога откриле дека никој не ги сопрел.

krishum-vlegov-so-decata-vo-all-inclusive-hotel-vo-turcija-jadev-i-piev-besplatno-cela-nedela-i-nikoj-ne-me-fati-03.jpg

На ТикТок, Роксен се пофали со фотографии од храната и пијалаците во кои уживале со старите нараквици.

„Викајте ме крадец ако сакате, но јас уживав во бесплатна храна и пијалаци една недела“ – вели таа, а пренесе NewYork Post.

krishum-vlegov-so-decata-vo-all-inclusive-hotel-vo-turcija-jadev-i-piev-besplatno-cela-nedela-i-nikoj-ne-me-fati-04.jpg

Мајката вели дека ѝ било чудно тоа што вработените воопшто не ги провериле нараквиците кога влегла во одморалиштето.

„Бев загрижена дека ќе ме фатат – но за среќа никој не забележа“ – вели таа.

krishum-vlegov-so-decata-vo-all-inclusive-hotel-vo-turcija-jadev-i-piev-besplatno-cela-nedela-i-nikoj-ne-me-fati-05.jpg

На крај, Роксен тврди дека овојпат јадела и повеќе отколку што јаде вообичаено само затоа што било бесплатно.

Сепак, таа тврди дека нема намера да го повтори истото, особено затоа што веќе ги објавила видеата на социјалните мрежи.

krishum-vlegov-so-decata-vo-all-inclusive-hotel-vo-turcija-jadev-i-piev-besplatno-cela-nedela-i-nikoj-ne-me-fati-06.jpg

Коментарите што таа ги доби се најразлични. Додека некои ѝ честитаат за храброста, други ја критикуваат затоа што јавно се издава дека извршила кражба.

„Ако можеш да си дозволиш секој месец да одиш на одмор, зошто крадеш од хотелот?“;

„Жал ми е за луѓето што напорно работат за да си дозволат одмор, а таквите како тебе само веруваат дека треба да се снајдат“;

„На овој начин родителите ги учат децата дека треба да крадат“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

@travelswithroxy

when you book a cheap self catering apartment down the road from the #ramada #kusadasi and you saved your all inclusive band from last month so you go use their facilities all day every day. 😂😂 thanks for looking after us Ramada, you didn't have to 😂😂 #freefood #allinclusive #allinclusiveresort #thanks #holiday #travel #fyp #vacation #traveltiktok #turkey #brits #traveltok #costofliving #sneaky #imnotwhereimsupposedtobe #nobodysgonnaknow

♬ original sound - A

Што мислите вие за постапката на Англичанката?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg