„Ми се смачи да бидам сингл, ќе му платам 4.500 евра на оној што ќе успее да ми најде маж“
- Детали
- сабота, 15 јули 2023
„Ако ме запознаете со некој што подоцна ќе ми стане сопруг, ќе ви платам 5.000 долари“ – порачува оваа 35-годишна жена од САД, која околу 5 години е сингл, а е очајна да најде сопруг. Кои карактеристики треба да ги поседува мажот, за да може да биде потенцијален кандидат за сопруг?
Ив Тили Кoлсон (35) од Лос Анџелес (САД) e корпоративен правник, која решила да најде сопруг, па затоа ветува парична награда за оној што ќе успее да ја запознае со мажот од нејзините соништа.
Таа вели дека претходно им рекла на нејзините пријатели дека ќе му плати 5.000 долари (околу 4.500 евра) на оној што ќе успее да ѝ најде сопруг.
„Потоа си помислив, зошто истото да не го понудам и на ТикТок“ – раскажува Ив.
Така во јуни таа на својот ТикТок профил објави видео во кое вели:
„Ако ме запознаете со маж, којшто подоцна ќе ми стане сопруг, подготвена сум да ви платам 5.000 долари. Не мора да останам долго во брак, може да останам во брак и 20 години. Но, ако успеете да ми најдете маж со кого ќе застанам пред олтар ќе ви платам“ - вели таа во видеото.
@ebtilley #stitch with @Dear Media I have never been more serious. I’m tired of being told, “its so easy.” Set me up 🤑🤍 #setup #firstdate #friendship #meetcute #bff #bet
♬ Sunshine - WIRA
Видеото веднаш се прошири на социјалните мрежи, а Ив, за New York Post вели дека веднаш добила 25 понуди за онлајн запознавање, од луѓето што сакаат да бидат потенцијални стројници и да заработат добра сума пари.
„Сѐ уште не сум била на ниту еден состанок“ – вели таа, а тврди дека најголем број од стројниците се жени што сакаат да ѝ помогнат.
„Веќе 5 години сум сингл и најчесто сакам со мажите да се запознавам лично или преку апликации. Но, по ковид пандемијата, постои ужасна промена во културата за состанување – мажите не приоѓаат во живо и најголемиот број мажи на апликациите не бараат сериозна врска.
Затоа сметам дека е разумно да платам 5.000 долари за да најдам сопруг со добра препорака, кој ќе може да ги задоволи моите потреби и да добијам вистинска врска“ – вели таа.
Во друго видео таа појасни како треба да изгледа кандидатот за иден сопруг и кои услови мора да ги исполнува.
Тој мора да биде на возраст од 20 до 47 години, да биде висок 180cm или повеќе, да има добра смисла за хумор и да има афинитети за спорт, и да сака животни и деца.
Освен тоа, по големиот интерес кај стројниците, таа нагласи дека парите ќе ги даде дури откако ќе се омажи и нагласи дека контактите што ги добива треба да бидат од сингл мажи, што никогаш не биле или не се во брак во моментот.
Откако доби критики дека е многу пребирлива, Тили појасни дека висината ја нагласува затоа што и таа е висока и не сака да се омажи за маж што е понизок од неа.
Б. С. Б. | Црнобело