Трансродна жена победи на изборот за Мис Холандија - на 11 години го промени името, а на 16 почна да прима женски хормони
- Детали
- понеделник, 10 јули 2023
„Мислам дека бев родена во погрешно тело. Бев родена како машко, но сакав да бидам женско. Тоа што го променив полот направи да се чувствувам како своја“ – вели Рики Валери Кол, првата трансродна жена што победи на изборот за Мис Холандија.
Рики Валери Коле (22) е првата трансродна жена што победила на изборот за Мис Холандија.
Рики во моментот кога победи на изборот во Холандија на себе носеше црвена тоалета, а во моментот кога ѝ ја врачија круната, таа не можеше да ги сокрие емоциите.
Рики била родена како момче, а на возраст од 11 години одлучила да го промени своето име од Рик во Рики. На 16 години ја започнала физичката транзиција, односно почнала да зема женски хормони, а потоа ѝ била направена за промена на полот.
„Мислам дека бев родена во погрешно тело. Бев родена како Рик, но сакав да бидам Рики. Тоа што го променив полот направи да се чувствувам како своја.
Честопати бев жртва на исмејување и си одев дома во солзи, па се прашував: ‘Зошто ова ми се случува мене?’. Но, отсекогаш сум ја имала поддршката од семејството и пријателите“ – рече таа.
Инаку, Рики ќе биде втората трансродна личност што некогаш се натпреварувала за изборот Мис Универзум, по учеството на Ангела Понце во 2018-та година.
https://www.instagram.com/p/CSNG56kjjZ5/?hl=en
Годинава изборот Мис Универзум ќе се одржува во Ел Салвадор, но сѐ уште не се знае точниот датум на одржување.
#9Jul
— ImpactoVenezuela (@ImpactoVE) July 9, 2023
👑 ¡GANADORA!
Rikkie Valerie Kollé se convirtió en la primera mujer transgénero en ganar Miss Holanda.
Kollé será la segunda representante transgénero en el Miss Universo 2023, tras la participación de la española Ángela Ponce (2018)
📹: rikkievaleriekolle (IG) pic.twitter.com/npcs9oSDfz