Жена ја оставила ќерка ѝ (5) сама во хотел на Мајорка за да се забавува: „Пиеше од утро до мрак, туристите се грижеа за девојчето“

Негрижата на мајка од Ирска ја разбранува јавноста – 45-годишната жена била на одмор на Мајорка со ќерка ѝ (5), кога ја оставила потполно сама за да пие алкохол. Другите гости во хотелот се грижеле за девојчето и го хранеле, пред да повикаат полиција и мајката да биде уапсена.

zhena-ja-ostavila-kjerka-5-sama-vo-hotel-na-majorka-za-da-se-zabavuva-pieshe-od-utro-do-mrak-turistite-se-grizhea-za-devojcheto-01.jpg

Жена од Ирска која била на одмор на Мајорка ја оставила 5-годишната ќерка сама во хотел, само за да може да пие алкохол.

Според британскиот Mirror, пред жената да биде лоцирана и уапсена, туристите од хотелот се грижеле за ќерка ѝ.

Додека другите воделе грижа за нејзиното дете, мајката или пиела во барот во хотелот или била заспана на креветите за сончање и воопшто не обрнувала внимание на девојчето.

zhena-ja-ostavila-kjerka-5-sama-vo-hotel-na-majorka-za-da-se-zabavuva-pieshe-od-utro-do-mrak-turistite-se-grizhea-za-devojcheto-04.jpg

45-годишната мајка се забавувала „од утро до мрак“ и кога во хотелот одбивале да ѝ служат алкохол, таа одела во маркет во близина за да си купи и да продолжи со забавата.

zhena-ja-ostavila-kjerka-5-sama-vo-hotel-na-majorka-za-da-se-zabavuva-pieshe-od-utro-do-mrak-turistite-se-grizhea-za-devojcheto-06.jpg

Наводно сега девојчето е со татко ѝ, кој веднаш дошол од Ирска штом слушнал за негрижата на мајката.

„Уапсивме 45-годишна жена од Ирска која беше на одмор на Мајорка, за напуштање дете. Таа го оставила детето само за да може да пие алкохол. Почнала да пие уште од првиот ден кога стигнала во хотелот.

Пиела огромни количини алкохол од моментот кога станувала, до моментот кога си легнувала. За малото девојче се грижеле други туристи кои отседнувале во истиот хотел. Туристите ја хранеле, ѝ ставале крем со заштитен фактор и внимавале на неа.

Вработените во хотелот престанале да ѝ даваат алкохол на мајката, но таа одела во супермаркет во близина за да си купи пиво“, гласи изјавата од шпанската полиција.

zhena-ja-ostavila-kjerka-5-sama-vo-hotel-na-majorka-za-da-se-zabavuva-pieshe-od-utro-do-mrak-turistite-se-grizhea-za-devojcheto-03.jpg

Жената била уапсена минатиот вторник (27.06), откако туристите во хотелот решиле дека е време да ја известат полицијата.

„Жената беше уапсена откако беше лоцирана во нејзината соба и конечно ја отвори вратата во видно алкохолизирана состојба. Девојчето беше згрижено додека не дојде нејзиниот татко од Ирска“.

zhena-ja-ostavila-kjerka-5-sama-vo-hotel-na-majorka-za-da-se-zabavuva-pieshe-od-utro-do-mrak-turistite-se-grizhea-za-devojcheto-05.jpg

Во коментари на објави за случајот, мајката е остро критикувана:

„Сирото девојче. Каков одмор ѝ приредила мајка ѝ…“

„Мајка на годината“.

„Ужасна мајка“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg