Случајот кој го следи цел свет: Сите детали за исчезнатата подморница со милијардери туристи, што потона во близина на „Титаник“
- Детали
- среда, 21 јуни 2023
Се смета дека ако петте лица што се заробени во малата подморница „Титан“ бидат спасени, тоа ќе биде миг што ќе наликува на холивудски филм, но звуците на тропање уловени на сонар, ја враќаат надежта. Кои се луѓето што исчезнаа и што знаеме за малата подморница која 3 години нудела тури до остатоците на „Титаник“?
Три дена трае потрагата по малата подморница „Титан“ која исчезна во близина на остатоците од потонатиот брод „Титаник“. Во неа имало вкупно пет лица, меѓу кои британскиот милијардер авантурист Хамиш Хардинг и пакистанскиот милијардер Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, кои платиле по 225.000 евра за туристичкото патување.
Со помош на сонар во вторникот (20.06), канадски авион што е вклучен во потрагата по подморницата „Титан“, уловил звуци под водите на Северноатлантскиот Океан, пренесува CNN.
Според извештаите, звуците што наликуваат на тропање се слушале со часови откако првпат биле детектирани, во интервали од по 30-тина минути.
Крајбрежната стража на САД ги потврди информациите со кратка објава на Твитер и потврди дека некои од спасувачките екипи се пренасочени кон тоа да утврдат за какви звуци станува збор и дали навистина успеале да детектираат знаци на преживеани лица.
🚨🇺🇸🇨🇦Breaking: The US Coast Guard has confirmed that a Canadian P-3 aircraft detected "underwater noises" in a search area for the missing Titanic sub.
The crew has now around 20 hours of oxygen left.🙏 pic.twitter.com/fBRflWRyZ7-->— Terror Alarm (@Terror_Alarm) June 21, 2023
Додека сѐ уште трае потрагата се смета дека шансите за спасување на петте лица заробени во подморницата се минимални, со оглед на тоа во понеделникот спасувачките екипи предвидеа дека тие имаат кислород за околу 70 до 96 часа, а овој рок истекува во четврток попладне според локално време.
Од друга страна, пак, постои опасност, подморницата да е заглавена во потонатиот „Титаник“ и заради тоа шансите за спасување да бидат уште помали, а се смета дека спасувачката мисија би одела мошне тешко заради длабочината на морското дно.
Во продолжение неколку факти за тоа што знаеме досега за исчезнатата подморница:
Малата подморница „Титан“ е најмалата и енергетски најефикасна подморница, според OceanGate Expeditions, компанијата што ја креирала. Подморницата има капацитет од пет лица, еден капетан и четворица членови на екипажот и има резерви на кислород околу 96 часа.
Подморницата во неделата (18.06) ја прекинала комуникацијата со операторите додека се наоѓале на локација од околу 700km јужно од Сент Џон, Њуфаундленд, за време на патување до потонатиот брод „Титаник“ во близина на брегот на Канада.
Подморницата требало да се спушта во длабочините околу 2 часа, но околу 1 час и 45 минути по започнувањето на спуштањето до морското дно, екипажот на „Polar Prince“ бродот што ја придружувал подморницата загубил секаков контакт со подморницата.
Не е познато што се случило со малата подморница, ниту пак, колку блиску биле до „Титаник“ кога исчезнале.