„Ѝ го ризикуваш животот“ - Мајка ја однела 10-месечната ќерка на фестивал за метал музика и стана мета на критики

„На некои луѓе не им е јасно колку метеж има и колку опасен може да биде овој фестивал, особено за мали деца“, гласи една од многуте критики упатени до мајка која го однела нејзиното 10-месечно бебе на 4-дневен фестивал за метал музика. Што мислите, дали музичките фестивали се безбедно место за бебиња и мали деца?

majka-ja-odnela-10-mesechnata-kjerka-na-festival-za-metal-muzika-javnost-ja-kritikuva-go-rizikuvash-zhivotot-01.jpg

Музичките фестивали иако забавни, дефинитивно не се препорачливи за мали деца, уште помалку бебиња.

Ова се места каде што има огромни толпи луѓе, неретко под дејство на алкохол, што значи не се најбезбедна околина за мали деца.

Токму поради ова, мајка од Англија го подели мислењето на јавноста откако се пофали дека ја однела 10-месечната ќерка на фестивал за метал музика.

majka-ja-odnela-10-mesechnata-kjerka-na-festival-za-metal-muzika-javnost-ja-kritikuva-go-rizikuvash-zhivotot-03.jpg

Британката Лорен Меколи ja однела ќерка ѝ на Download Festival – најголемиот метал фестивал во Англија.

Досега Лорен четирипати била на фестивалот, а минатата година присуствувала и бремена.

majka-ja-odnela-10-mesechnata-kjerka-na-festival-za-metal-muzika-javnost-ja-kritikuva-go-rizikuvash-zhivotot-04.jpg

Таа вели дека планира да ја носи ќерката следната година, без разлика на критиките и од фановите на метал музика, кои самите истакнуваат дека фестивалот воопшто не е безбеден за бебиња.

Фестивалот трае четири дена и речиси постојано има многу гласна музика, а годинава настапуваа бендови како Metallica и Slipknot.

majka-ja-odnela-10-mesechnata-kjerka-na-festival-za-metal-muzika-javnost-ja-kritikuva-go-rizikuvash-zhivotot-09.jpg

На приватни фотки на социјалните мрежи, споделени од Daily Mail, Лорен е критикувана за одлуката.

Многумина истакнуваат дека фестивалот е полн со луѓе под дејство на алкохол, има многу турканици, додека температурата во шаторите за спиење е неподнослива.

majka-ja-odnela-10-mesechnata-kjerka-na-festival-za-metal-muzika-javnost-ja-kritikuva-go-rizikuvash-zhivotot-08.jpg

Но, Лорен стои на ставот дека не направила ништо погрешно.

„Луѓето се мизерни. Јас лично сакам да минувам време со моето дете и не ми е проблем да го носам на фестивалот.

Многумина велат дека фестивалот не е за деца, но во склоп на настанот буквално имаше област за деца и места каде што можете да смените пелена“.

majka-ja-odnela-10-mesechnata-kjerka-na-festival-za-metal-muzika-javnost-ja-kritikuva-go-rizikuvash-zhivotot-02.jpg

Лорен вели и дека на самиот фестивал луѓето и давале комплименти, додека критиките се само онлајн.

30-годишната мајка додава и дека бебето го преспало речиси целиот фестивал.

„Бидејќи беше многу топло, спиеше поголемиот дел од времето. Беше целосно релаксирана. Ги преспа настапите на Metallica и Bring Me The Horizon.

Спиеше од 21 часот до 3 наутро, ја хранев, па повторно си легнуваше. Носеше слушалки за гласната музика и ѝ ставав многу крем со заштитен фактор“.

majka-ja-odnela-10-mesechnata-kjerka-na-festival-za-metal-muzika-javnost-ja-kritikuva-go-rizikuvash-zhivotot-06.jpg

Сепак, и покрај објаснувањата, голем дел од јавноста не ја поддржува:

„Не ми пречи кога одговорни родители ги држат децата под сенка, со заштита на ушите. Она што не ми се допаѓа се луѓе со мали бебиња кои го носат во густи толпи“.

„Треба да се врати забраната за лица под пет години, ова не е безбедна околина за мало дете“.

„Има премногу пијани идиоти на фестивалот и го ризикуваш животот на детето“.

„На некои луѓе не им е јасно колку метеж и колку опасно може да биде на овој фестивал, особено за мали деца“.

majka-ja-odnela-10-mesechnata-kjerka-na-festival-za-metal-muzika-javnost-ja-kritikuva-go-rizikuvash-zhivotot-05.jpg

И покрај критиките, Лорен вели дека планира да ја носи ќерката и следната година.

majka-ja-odnela-10-mesechnata-kjerka-na-festival-za-metal-muzika-javnost-ja-kritikuva-go-rizikuvash-zhivotot-07.jpg

Секако, постојат и оние што ја поддржуваат:

„Не ми е јасно зошто ѝ судите кога очигледно имало безбедно место за деца!“

„Јас ги однесов моите три деца и си поминаа одлично. Сите се помали од четири години, најмалото имаше пет недели“.

Што мислите, дали музичките фестивали се безбедно место за бебиња?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg