Белгиец ја лажирал сопствената смрт и на погребот дошол со хеликоптер: „Сакав на роднините да им одржам лекција“

„Никогаш не ме канат никаде. Никој не сака да ме види. Сакав да им покажам дека не треба да чекаат некој да умре за да покажат почит“ – со овие зборови Белгиецот, Давид Баертен објасни зошто ја лажирал својата смрт и организирал погреб на кој се појавил со хеликоптер.

belgiec-ja-lazhiral-sopstvenata-smrt-i-na-svojot-pogrebot-doshol-so-helikopter-sakav-na-rodninite-da-im-odrzham-lekcija-01.jpg

Давид Баертен (45) од Белгија објавува видеа на ТикТок, а одлучи да им одржи важна лекција на роднините и пријателите кои со години наназад го занемарувале, така што ги излажа сите дека умрел.

Тој дури го организирал сопствениот погреб, а потоа пред присутните се појавил со хеликоптер.

Пред погребот, ќерката на Давид, која знаела за планот на татко ѝ, објавила на социјалните мрежи дека тој починал, а сите биле видно потресени од нејзината порака:

„Почивај во мир татичко. Никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Животот навистина не е фер. Зошто ти? Требаше да станеш дедо и имаше цел живот пред себе. Те сакам. Сите те сакаме. Никогаш нема да те заборавиме.“

По оваа објава, минатиот викенд Давид и неговото семејство организирале лажен погреб на кој се појавиле голем број пријатели и роднини, а Давид ги изненадил сите кога се појави со хеликоптер.

@el.tiktokeur2

Tu nous as eu on t aime mon ami on est content que tu es parmis nous ❤️❤️#pourtoii #fyp #fypシ @Ragnar_le_fou

♬ son original - Thomas faut

По големиот број негативни коментари што ги доби на социјалните мрежи, Давид даде појаснување зошто се одлучил да ја лажира сопствената смрт.

„Ме боли како се однесуваат луѓето во моето семејство. Никогаш не ме канат никаде. Никој не ме гледа, се разделивме и се чувствувам неценето.

Затоа сакав да им дадам животна лекција и да им покажам дека не треба да чекаат некој да умре за да дојдат да го видат“ – појасни тој.

belgiec-ja-lazhiral-sopstvenata-smrt-i-na-svojot-pogrebot-doshol-so-helikopter-sakav-na-rodninite-da-im-odrzham-lekcija-02.jpg

Тој вели дека само половина од неговото семејство дошло на погребот, а другите му се јавиле подоцна.

„На тој начин видов кој навистина се грижи за мене. Тие што не дојдоа, ми се јавија да се видиме. Па така сметам дека успеав во тоа што го замислив“ – вели тој.

@el.tiktokeur2

Tu nous a eu je te le jure j etais en pleure moi et apres j ai eu le choc poto on t aime beaucoup ❤️@Ragnar_le_fou @Leclercq Philippe #fyp #pourtoii #fypシ

♬ son original - Thomas faut

На ТикТок вирално се споделува видеото на кое Давид се прегрнува со својот близок пријател. Дел од неговите пријатели се огласија во коментарите под видеата и признаа дека се лути затоа што биле жртви на измама, но сепак се среќни што Давид е жив.

https://www.tiktok.com/@labordelerie/video/7243429170930339098?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7106495311258060294

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Индијка (16) станала модел за да го спаси семејството од сиромаштија: „Сакам да купам куќа за татко ... 16-годишна Индијка почнала кариера како модел откако била забележана од холивудс...
Страдал од биполарно нарушување, се верува дека убил и бебе: Кој е убиецот од Прага, кој усмрти 15 с... Бил наградуван студент, син на вработен во секторот за обезбедување на аеродромо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg