„Мојата 10-годишна ќерка е многу богата - има цела колекција од дизајнерски чанти“
- Детали
- сабота, 10 јуни 2023
Најмалата ќерка на Емили Абрахам од Лондон има 10 години и води раскошен животен стил. Обожава дизајнерски чанти и има цела колекција, како од чанти, така и од накит. Емили вели дека ѝ дозволува апсолутно сè што ќе посака.
Емили Абрахам од Лондон е мајка на 3 деца, а на социјалните мрежи како семејство се познати по љубовта кон луксузот.
Нејзиниот сопруг е 36-годишниот Адам Абрахам, кој сака на целото свое семејство да му обезбеди луксузен животен стил.
Нивната најмала ќерка има 10 години и води раскошен животен. Обожава дизајнерски чанти и има цела колекција, како од чанти, така и од накит.
Емили вели дека кога тие се богати, богата е и нивната ќерка, па може да си дозволи што и да посака.
„Како семејство одиме на луксузни одмори постојано, но никогаш на исто место двапати, сакам моето семејство да види и искуси колку што е можно повеќе од светот“, вели Емили и додава дека ако нејзината ќерка ја прават среќна чанти, тогаш може да ги има сите чанти на светов.
С. С. | Црнобело