Џесика Алвес по промената на полот: „Ми се изместија имплантите во задникот, бев во депресија“
- Детали
- сабота, 03 јуни 2023
Џесика Алвес, трансродова жена која е позната по пластичните операции (за кои често е критикувана), вели дека веќе никогаш нема да оди „под нож“, откако ѝ се изместиле имплантите во задникот, по што западнала во тешка депресија. Таа вели и дека сонува еден ден да стане мајка, со помош на операција со пресадување матка која уште не е достапна за јавноста.
Џесика Алвес е ријалити ѕвезда најпозната по промената на полот, но и бројните пластични операции.
39-годишната Џесика има потрошено над 1 милион евра за 100-тина операции, за кои вели дека се „инвестиција во нејзината среќа“.
Но, токму пластичните операции биле причина и за проблеми со нејзиното ментално здравје.
Џесика ставила импланти во задникот, но почнала да се движи пред да закрепне од операцијата. Поради ова, имплантите ѝ се изместиле, па морала да прави нова операција.
Сето ова се случувало околу Божиќ и Нова година, па таа ја поминала празничната сезона сама, во болница во Истанбул.
„Од јануари, откако морав да ги поминам Божиќ и Нова година во болница бидејќи ми се изместија имплантите, ми се разви анксиозност, како и страв да бидам сама дома“, вели таа за Daily Mail.
Поради ова, Џесика почнала и да пие многу алкохол.
„Чувствував потреба да излегувам од недела до недела, поради што пиев повеќе алкохол и се здебелив. Не бев во ред. Имав проблеми со темпераментот и не можев да спијам“.
Со цел да се справи со депресијата, Џесика, која живее во Лондон, извесен период престојувала кај родителите.
„Си го спакував куферот и отидов во Бразил, каде што живее моето семејство. Почнав со холистички третмани како реики. Ова ми помогна многу и сега повторно сум во Лондон и се чувствувам како нова жена“.
Поради лошото искуство, Џесика вели дека веќе никогаш нема да направи пластична операција.
„Тоа беше вид депресија која се појави бидејќи правев операција по операција. Се чувствував како да трчам маратон кој никогаш не завршува. Но, денес можам да кажам дека завршив со пластичните операции“.
Ријалити ѕвездата вели дека сега, единственото нешто што ѝ недостасува во животот е партнер, но и дете.
Џесика го промени полот во 2020 година и оттогаш е сингл. Вели дека поради тоа што е трансродова жена, се соочува со дискриминација и не може да си најде дечко.
„Сингл сум и уште го барам мојот принц. Користев Тиндер, но ме банираа и сега барам нова апликација за состанување каде што нема да ми го пријавуваат профилот како лажен“.
Џесика вели и дека сака да направи операција со која ќе ѝ пресадат матка, за да може да има дете.
Ова е операција која, според неа, се очекува да стане достапна за јавноста во наредните неколку години.
„Мојот сон е да бидам мајка. Ги имам направено сите операции за да можам што е можно поблиску до биолошка жена. Но, засега не можам да имам деца и тоа ме фрустрира“.
Спирова С. | Црнобело