Вознемирувачки видеа: Патник ја отворил вратата среде лет со авион во Кореја – има повредени
- Детали
- петок, 26 мај 2023
Сите цврсто се држат за седиштата и чекаат конечно авионот да слета... Ова може да се види во видеата што кружат на социјалните мрежи, а на кои се гледа како еден патник во авион одлучил среде лет да ја отвори вратата за итни случаи. Крајно осудувачки, зарем не?
На социјалните мрежи кружат видеа направени од патници во авион на „Asiana Airlines“ во Јужна Кореја на кои се гледа како еден патник ја отворил вратата од авионот среде лет.
Во видеата се гледа како патниците цврсто се држат за своите седишта и чекаат кошмарот да заврши.
Како што пренесува CNN, повикувајќи се на официјални информации, маж кој е во 30-тите години од животот седнал во седиштето за итни случаи и ја отворил вратата кога леталото било на висина од 213 метри над земјата и околу 2 до 3 минути пред да слета во Сеул.
Се знае дека авионот слетал безбедно, а локалната полиција го уапсила човекот кој признал дека ја отворил вратата, но не ги открил причините зошто го направил тоа.
Во авионот имало вкупно 200 лица, од кои 194 биле патници, а вкупно 12 лица претрпеле помали повреди од силниот провев.
Според информациите вкупно 9 патници, по слетувањето веднаш биле пренесени во болница.
Погледнете неколку видеа од патници што се споделуваат на социјалните мрежи:
Passenger opened a door of Asiana Airlines flight while in mid-air.
— Citizen Free Press (@CitizenFreePres) May 26, 2023
The plane landed safely. pic.twitter.com/6n4ida3BXK
An Asiana Airlines plane landed safely in South Korea after a passenger opened its door mid-flight. Video footage filmed by a person on the flight showed wind rushing in from the open door https://t.co/eTtVOhMjtn pic.twitter.com/KRNSU2WF18
— Reuters (@Reuters) May 26, 2023
Door of Asiana Airlines plane opens in mid-air just before landing in South Korea; 9 people taken to hospital with breathing difficulties pic.twitter.com/rUI6LTRihj
— BNO News (@BNONews) May 26, 2023
Б. С. Б. | Црнобело