Македонија е една од „најмизерните држави во светот“ – Кои земји се најсреќни?
- Детали
- четврток, 25 мај 2023
Според извештај на реномиран професор по применета економија, Македонија е 39-тата најмизерна држава во светот според фактори како невработеност и инфлација. Во регионот, полошо е рангирана единствено Босна и Херцеговина.
Според таканаречениот Годишен индекс на мизерија, во 2022 година најмизерна држава била Зимбабве. Македонија, пак, не е така далеку од врвот и се наоѓа на 39-то место од 157 земји.
Индексот го изработува Стив Х. Ханке – професор по применета економија на Универзитетот Џон Хопкинс.
Тој вели дека за да ја направи листата, зел предвид фактори како невработеност, инфлација и каматни стапки.
За веб-сајтот National Review, каде што е објавен индексот, професорот открива дека идејата потекнувала од познат економист кој прво ги рангирал државите во САД. Подоцна идејата ја доработил професор од Харвард, и на крај самиот професор Ханке.
Според резултатите, најмизерна држава е Зимбабве, а главниот фактор за ова е инфлацијата.
Македонија е на 39-тото место, а како главен фактор за мизеријата е наведена невработеноста.
Од балканските држави, полошо е единствено во Босна и Херцеговина која се наоѓа на 18-то место.
Србија се наоѓа на 54-то место, Грција на 84-то, Албанија на 97-то, додека Бугарија води од соседните држави и се наоѓа на 101-во место.
Можеби очекувано, најсреќна земја е Швајцарија.
10-те најмизерни држави во 2022 година (почнувајќи од најмизерната):
1. Зимбабве
2. Венецуела
3. Сирија
4. Либан
5. Судан
6. Аргентина
7. Јемен
8. Украина
9. Куба
10. Турција