Девојка се кае што 2 години работела како модел за возрасни: „Барам нормална работа, но никој не ме вработува“
- Детали
- среда, 24 мај 2023
„Седев дома по цел ден, се чувствував осамено и изолирано, а тоа лошо се одрази и врз моето ментално здравје“ – една девојка споделува кои се негативните страни кога работиш како модел на OnlyFans и зошто одлучила да му каже: „збогум“ на таквиот живот и да побара нормална работа.
Постојат голем број девојки што отворено зборуваат за негативните страни на работата на сајтовите за возрасни и за тоа како тој „брз начин за заработка“, може потоа да се одрази врз животот.
Даша Дејли од Перт, Австралија во изминатите две години ексклузивно работела само на веб страната за возрасни OnlyFans, но сега сака да се откаже од кариерата како модел и да се врати на нормална работа од 9 до 5 часот.
Таа вели дека иако 2 години добро заработувала на веб страната за возрасни, почнала да се чувствува осамено и дека ѝ било здодевно, по што почнала активно да бара вработување.
Во моментов добила хонорарна работа како помошник за време на семинари за правници, а по првиот ден на работното место таа објави видео на ТикТок, во кое опиша како изгледал нејзиниот првиот ден откако одлучила да се врати на „нормално“ работно место:
„Ова ми е прв ден на работа, откако работев како креатор на еротски содржини две години. По 10-часовната смена на работа се чувствувам уморно, но и исполнето затоа што повторно имам нормална работа и затоа што навистина работев.
Се чувствувам мошне исцрпено затоа што не сум навикната да работам толку долго и да имам комуникација во живо со луѓе.
Но, работењето нормална работа ме натера повеќе да го ценам напорното вложување труд, наспроти постојаното седење дома и целосната изолација од општеството, што лошо се одрази на моето ментално здравје.
Добро е повторно да бидам меѓу луѓе, да се соочувам со предизвици и да имам некаква цел“ – вели таа.
@itsnotdasha I work 10 hours for such little money yet I am happier… being a content creator gets lonely and boring 🤷♀️
-->♬ original sound - Dasha💖
Даша која студирала криминологија, вели дека целта ѝ е да најде постојано вработување, но во моментов тоа тешко ѝ оди затоа што нема како да го објасни празниот период во нејзината работна биографија, затоа што 2 години била невработена.
„Аплицирав на повеќе места за работа и досега немав среќа, а ако еден ден ме викнат на интервју, ќе им објаснам што правев овие две години“ – вели таа.
Погледнете повеќе фотографии од Даша во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CrezC-FyPIU/
https://www.instagram.com/p/Cq74ClXy1wQ/
https://www.instagram.com/p/CqUmCiISL-R/
Б. С. Б. | Црнобело