„Се состанувам со барем по еден дечко во секоја земја каде што патувам и не планирам да сопрам“
- Детали
- сабота, 20 мај 2023
Девојка од Флорида вели дека тргнала на емоционална „експедиција“ низ светот, на која често користи и апликации за запознавање на мажи. За една година има за цел да појде на 100 состаноци со различни мажи.
Стерли Сантос (27) од Флорида е девојка на која цел ѝ е да пронајде по еден партнер во секоја држава која ја посетува, но не и да пронајде љубов по секоја цена.
„Сакам да имам барем 100 состаноци со различни мажи и да не сопрам со оваа бројка, дури и во меѓувреме ако најдам некој кој навистина ми се допаѓа“, вели таа.
Стерли во последните 3 месеци била на повеќе од 100 состаноци и се состанувала со мажи од Чиле, Аргентина, Бразил, Уругвај, Колумбија, Венецуела, Индија, Тајланд, Индонезија, Филипини, Сингапур и САД.
Вели дека од сите најголемо разочарување ѝ бил Господин Индонезија.
Стерли работи на разни локации низ светот и не сака да се задржува во едно место предолго.
Досега имала две долги врски во животот и тоа со маж од Холандија и маж од Индија.
Вели дека целта ѝ е за една година да отиде на 100 состаноци и на секое место да се задржува само по 5-6 дена. Не сака ова да го прави во наредните 10 години, туку да ѝ биде авантура која ќе трае само една година.
Потоа, се надева дека ќе си пронајде некој и ќе се омажи.
Вели дека на моменти се чувствува осамено на овие соло патувања, но од друга страна само вака може да запознае луѓе од други култури и со нивна помош да ги запознае овие култури.
Таа вели дека на оваа емоционална „експедиција“ често користи и апликации за запознавање на мажи.
Досега Стерли вели дека најмногу ја воодушевил еден маж од Венецуела и еден маж од Бомбај.
Што мислите за оваа нејзина авантура?
С. С. | Црнобело