„Велат дека личам на жаба“ – Жената со најголемата уста на светот се жали дека е жртва на сајбербулинг
- Детали
- четврток, 11 мај 2023
„Во средно училиште ме викаа ‘големата уста’ или ‘девојката жаба’, а ми рекле и дека личам на питбул. Сега, луѓето ми велат дека сум грда и одвратна секој ден, а ме прашуваат и дали користам филтри за видеата“ - жената со најголема уста на светот се жали дека е жртва на сајбербулинг.
Саманта Рамсдел од Конектикат е жената со најголемата уста во светот според Гинисовата книга на рекорди.
Во 2021-ва година, таа ја доби титулата, откако претходно објавуваше бројни видеа на ТикТок, на кои се гледа што може да направи со својата голема уста.
Саманта, благодарение на својот необичен изглед, за едно видео може да заработи и до 10.000 долари.
Нејзината уста е со широчина од над 10cm, а во просек, устата на жените е со широчина од околу 4cm.
Таа вели дека во еден залак може да изеде голем сендвич, 22 маршмелоу бонбони, па дури и цело јаболко.
@samramsdell5 SANDWICH TIME!!!! One of my new fave sandwiches… in darien, CT at Vavalas Deli! #sandwich #sandwichreview #deli #ctfood
-->♬ original sound - Sam Ramsdell
Иако кога ја доби титулата за најголема уста во светот Саманта велеше дека е горда со тоа што станала славна, сега признава дека на ТикТок, каде што ја следат 3,6 милиони корисници, често добива невкусни коментари и навреди, а била жртва на булинг уште додека била во средно.
„Во средно училиште ме викаа ‘големата уста’ или ‘девојката жаба’, а ми рекле и дека личам на питбул. Ме прашуваа што се случува со моето лице и заради тоа бев несигурна, и се трудев да ја скријам устата и да не носам шминка, за да изгледа помала.
Сега, луѓето ми велат дека сум грда и одвратна секој ден, а ме прашуваат и дали користам филтри за видеата, што не влијае добро врз моето ментално здравје“ – вели таа.
@samramsdell5 Pretzel in one bite for the kids #onebite #pretzel #AEHolidayCard #AmazonSavingSpree
♬ Made You Look - Meghan Trainor
Саманта раскажува дека најчесто се труди да ги игнорира или да ги блокира тие што ѝ упатуваат негативни коментари, но не секогаш успева да го игнорира негативното влијание што тие го оставаат врз неа.
„Секако дека ми се случува некои денови да ме повредат таквите коментари. Се научив да се сакам себеси затоа што сум различна и мојата уста ме прави единствена, па го користам тоа во сопствена корист“.
@samramsdell5 Replying to @ratmommy12 the famous beignets at Cafe Du Monde #neworleans #nola #foodtiktok #traveltiktok
♬ Down in New Orleans - Fritzel's New Orleans Jazz Band
Освен што заработува од видеата што ги објавува на социјалните мрежи, Саманта сега има сопствено стенд-ап шоу, па патува низ САД и гостува во различни градови.
Погледнете дел од нејзините видеа:
@samramsdell5 #stitch with @smashboxcosmetics does one bite of an apple count ? 😂 #onebite #5secondskin #smashboxpartner
♬ Midnight - Prod. By Rose
@samramsdell5 Everything i put in my mouth hole af the Winter Village in Bryant Park in NYC 🤪 #bryantpark #nyc #wintervillage #whatieatinaday
♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey
@samramsdell5 Replying to @._.pumpkinnn yall better come over here and get one of these!!! #romania #chickensandwich #traveltiktok
♬ original sound - Romania
@samramsdell5 National Pepperoni Pizza day is in September so the only way to celebrate is my favorite @Papa Gino’s with double the pepperoni. Order online at papapginos.com #papaginospartner #pizzalover #pizzareview #pepperoni
♬ original sound - Sam Ramsdell
Б. С. Б. | Црнобело