Чекаше 70 години за овој момент, се муртел на крунисувањето на мајка му – Детали за утрешното крунисување на Чарлс

„Берберот ме потшиша кратко и ми стави премногу гел“ – кралот Чарлс неколку децении подоцна призна зошто на денот на крунисувањето на неговата мајка бил намуртен и лут. На крунисувањето на кралицата Елизабета во 1953-та година Чарлс имал само 4 години и тој е прв британски принц што некогаш присуствувал на крунисувањето на неговите родители. Што знаеме за неговото крунисување на 6-ти мај, што го чекаше цел живот?

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-01.jpg

На свечената церемонија што ќе се одржи на 6-ти мај (сабота) Чарлс и официјално ќе биде крунисан како 40-ти по ред крал на Велика Британија.

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-02.jpg

На возраст од 74 години тој ќе биде најстариот крал што некогаш бил крунисан во британската историја, а иако имаше низа шпекулации, потврдено е дека неговата втора сопруга Камила (75) ќе биде крунисана за кралица.

Се очекува дека на церемонијата ќе присуствуваат дел од децата во кралското семејство. Принцот Џорџ (9) ќе има посебна улога за време на церемонијата, а ќе се појават и другите деца на Кејт и Вилијам: принцезата Шарлот (8) и принцот Луи (5).

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-05.jpg

Додека многумина се прашуваат дали принцот Луи повторно ќе приреди вистинско шоу и ќе успее да го украде вниманието кај сите присутни, дел од медиумите ги споделуваат и фотографиите од кралот Чарлс, кој на 4 годишна возраст го следел крунисувањето на неговата мајка.

На фотографиите малиот Чарлс намуртено гледа кон камерите, додека седи помеѓу неговата тетка, принцезата Маргарет и кралицата мајка, а неколку децении подоцна, откри дека бил многу лут затоа што кралскиот бербер му ја потшишал косата премногу кратко и му ставиле гел за да му ја наместат фризурата.

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-07.jpg

Пред крунисувањето, тој успеал да ја земе круната на мајка му која тежи околу 2kg, по што присутните се уплашиле дека ќе му падне и ќе ја оштети, а се верувало дека тоа е мошне лош предзнак.

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-03.jpg

За среќа, присутните веднаш успеале да му ја земат круната и да ја стават на соодветното место. 

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-13.jpg

Тој велеше дека со денови ја гледал мајка му како пред крунисувањето вежбала да ја носи круната на главата, а во изминативе денови и самиот Чарлс мораше да вежба и да помине повеќе проби за настанот, пред и официјално да стане крал. 

Инаку, церемонијата ќе трае околу 2 часа, а се очекува настанот да го следат милиони луѓе од целиот свет. Засега потврдено е присуството на принцот Хари, а Меган Маркл ја одби поканата.

Поради крунисувањето, понделеник (08.05) ќе биде неработен ден за граѓаните во Велика Британија.

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-04.jpg

Погледнете уште неколку фотографии од Чарлс за време на крунисувањето на мајка му:

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-08.jpg

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-09.jpg

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-10.jpg

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-11.jpg

chekashe-70-godini-za-da-stane-kral-fotki-od-kralot-charls-kako-se-murti-na-krunisuvanjeto-na-majka-mu-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg