Четири сестри се бремени во исто време: „Нашата мајка ќе биде со нас кога ќе се породуваме, таа е највозбудена“
- Детали
- петок, 05 мај 2023
„Отсекогаш сме биле блиско семејство, во еден момент сите живеевме заедно во една куќа. Нашата мајка е многу возбудена, таа ќе ни биде партнер за раѓање на сите“ - вели Кејли Стјуарт, една од четирите сестри од САД, кои се бремени во исто време.
Четири сестри од Стерлинг, САД, се бремени во исто време и сите треба да се породат до крајот на оваа година. Тие велат дека е неверојатно што забремениле буквално во исто време.
Кејли Стјуарт (29) и Џеј Гудвили (35) треба да родат машки деца во мај. Кери-Ен Томсон (41) и Ејми Гудвили (24) се во рана фаза на бременоста, но ќе се породат до крајот на годината.
Откако ќе се породат, во нивното семејство ќе има осум мали деца.
Две од сестрите што се сега бремени веќе имаат деца, но тие имаат и уште две сестри - Ким Гудвили (27) која има едно дете и Џоди Гудвили (21).
Џеј треба да се породи на 11 мај, а Кејли треба да го роди детето 11 дена подоцна. Ејми ќе стане мајка во август, а Кери-Ен треба да се породи во октомври.
„Сите бебиња ќе имаат братучеди на иста возраст. Јас и Џеј требаше да се породиме на 22 мај, но нејзиниот термин се помести за 11 мај. Сè уште сум прилично шокирана“, вели Кејли за „Metro“.
Таа вели дека Џеј подолго време се обидувала да добие бебе, а кога конечно ѝ ја соопшти веста, Кејли ѝ одговорила „И јас“.
„Неколку недели подоцна решивме да му кажеме на семејството во исто време, со маици“, раскажала Кејли.
Двете сестри направиле и забава за откривање на полот, на која дознале дека чекаат момчиња.
„Отсекогаш сме биле блиско семејство, во еден момент сите живеевме заедно во една куќа. Нашата мајка е толку возбудена, таа ќе ни биде партнер за раѓање на сите“.
„Сигурна сум дека децата ќе бидат одлични пријатели меѓу себе“, ја завршува Кејли својата приказна.
А. Ј. | Црнобело