„Си ставив евтини филери на лицето и така ми започна кошмарот“
- Детали
- среда, 19 април 2023
„Донесов непромислена одлука, се излажав дека е евтино. Премногу ѝ верував на личноста која ми ја изведуваше процедурата“, вели Мали Кањанафупинг (26) од Тајланд за хорор искуството со ставање на филери.
Мали Кањанафупинг (26) e девојка од Тајланд, која работи како модел, а на својот Инстаграм профил го откри хорор искуството кое го доживеала.
Таа била несигурна околу изгледот на нејзиното лице кога се смее и сакала подефинирани јаболчници, па одлучила да си стави филери.
Но, за жал избрала евтина опција, па неквалитетните филери ѝ направиле кошмар од лицето и животот.
По процедурата за ставање на филери, Мали забележала дека нејзиното лице е невообичаено црвено.
Таа и порано правела разни козметички процедури, па мислела дека станува збор за нормална нус појава, но следниот ден кога се разбудила, по целото лице имала болни пликови на лицето.
Била отечена и црвена, а фотографиите од хорор искуството ги прикачи и на нејзиниот Инстаграм профил. Секој нареден ден состојбата ѝ се влошувала.
Мали ги отстранила филерите веднаш, но дури и по еден месец нејзиното лице не било целосно закрепнато.
„Донесов непромислена одлука, се излажав дека е евтино. Премногу ѝ верував на личноста која ми ја изведуваше процедурата, а не требаше. Говорам јавно за и други девојки да не поминат низ кошмарот низ кој поминав јас“, вели Мали.
Повеќе фотографии од Мали:
https://www.instagram.com/p/Cp4iUvaP2Xi/?hl=en
С. С. | Црнобело