Татко е мета на критики - стјуардеса побарала од сопругата да го исчисти нередот на децата, тој збеснал
- Детали
- вторник, 18 април 2023
„Само затоа што си богат, не значи дека сите ти се слуги“, гласи еден од бројните коментари на објавата на познат бејзбол играч, кој на Твитер се пожали дека стјуардесите ја натерале неговата бремена сопруга да ги собере пуканките од подот што ги расфрлале нивните деца низ авионот. Што мислите, дали гневот на играчот е оправдан?
Бејзбол играч од САД се соочи со остри критики откако се пожали дека стјуардеса на лет на United Airlines ја натерала неговата сопруга да го среди нередот што го направиле нивните деца.
35-годишниот Ентони Бас, кој игра за канадски бејзбол тим, го сподели својот револт со објава на Твитер.
Тој објави фотографија на која се гледаат неговите две мали деца и нередот што го направиле – пуканки расфрлани на подот до нивните седишта.
Во описот, тој појаснува дека неговата бремена сопруга летала сама со нив, а една од стјуардесите ја натерала да ги собере пуканките.
„Стјуардесата од United Airlines ја натера мојата сопруга, која е во 22-ра недела од бременоста и која патуваше со 5-годишно и 2-годишно дете, да клекне на колена и да го исчисти нередот од пуканките што го направила мојата помала ќерка. Дали сте сериозни?!“
https://twitter.com/AnthonyBass52/status/1647632911720390664
Но, бејзбол играчот не ја доби очекуваната реакција и повеќето твитерџии го критикуваат.
Голем дел од нив истакнуваат дека стјуардесите не се слуги на патниците и ако некој направи голем неред во авионот, треба самиот да си го среди.
Дел од коментарите гласат:
„Јас имам три деца, само што летав 12 часа со нив и успеав да го средам нивниот неред. Тоа е родителство“.
„Добриот родител би ги научил децата сами да си го средуваат нередот и да им покажат почит на другите“.
„Стјуардесата е должна да се грижи за вашата безбедност, а не да чисти по вашите деца. Како поранешна стјуардеса, зборувам од искуство“.
„Навистина ме интересира кој мислиш дека треба да го исчисти нередот на твоето 2-гоишно дете. Како родител на три деца, јас сум секогаш одговорен за нив“.
„Само затоа што си богат, не значи дека сите ти се слуги. Се надевам дека ти помогнав“.
Сепак, некои го бранат бејзбол играчот:
„Ова е погрешно. Никој не очекува родителите да го исчистат подот кога нивните деца прават неред во ресторан“.
„Ова е многу скапа услуга и ми се чини дека треба барем да го исчистат подот помеѓу летовите. Сигурен сум дека ова не бил единствениот отпад на подот во авионот“.
„До сите луѓе кои ја бранат стјуардесата – дали кога одите во кино чистите и собирате по вашите деца?“
На објавата, играчот доби коментар и од официјалниот профил на авиокомпанијата. Оттаму му бараат повеќе детали за летот на којшто била сопругата.
Подоцна, бејзбол играчот откри дека стапил во контакт со авиокомпанијата:
„Ви благодарам на сите за поддршката. United Airlines приватно се погрижи за проблемот со стјуардесата“.
Што мислите, дали бејзбол играчот е во право, или родителите сепак треба да бидат одговорни за нередот на нивните деца кога се во авион?
Спирова С. | Црнобело