Мајка е мета на критики: „Ја облекувам ќерка ми во кожа, крзно и кроп-топови – дали ѝ го уништувам детството?“
- Детали
- четврток, 13 април 2023
„Само затоа што го облекувам моето бебе модерно не значи дека не ѝ дозволувам да биде дете“ – им порача оваа мајка на сите оние што ја критикуваат дека облеката во којашто ја фотографира својата 2-годишна ќерка е несоодветна за возраста. Дали ова девојче ви изгледа модерно или несоодветно за возраста?
Мајка од САД, која има свој бутик одлучила да ги промовира производите така што редовно објавува фотографии од својата 2-годишна ќеркичка како ги носи моделите што таа ги продава.
Мајката на малата инфлуенсерка Кралицата Каи (Queen Kye) на нејзините профили на ТикТок и Инстаграм редовно објавува фотографии од малата Каи како носи модерна облека, со кроп топови, крзнени и кожени парчиња, надополнети со накит и модни додатоци...
Иако има голем број следбеници што упатуваат позитивни коментари и велат дека им се допаѓа облеката на малото девојче, на некои од следбениците не им се допаѓа тоа што оваа мајка го прави.
Најмногу забелешки и коментари упатуваат затоа што го облекува девојчето како да е возрасно и сметаат дека на тој начин ѝ го уништува детството.
„Не треба да ја облекуваш така“, „Твојата ќерка има само 2 години, не би требало да носи кроп топови од крзно“, „Зошто ѝ го уништуваш детството?“
Мајката во една прилика одлучи да се пресмета со неистомислениците на социјалните мрежи, па им одговори:
„Само затоа што го облекувам моето бебе модерно не значи дека не ѝ дозволувам да биде дете. Таа си игра и се однесува како бебе. Кога ќе сфатите дека облеката не го прави човекот?
Таа е мошне слатко и мирно бебе. Ако не ви се допаѓаат нејзините аутфити, ве молам немојте да ме следите само за да ширите омраза. Таа е модел за облеката што ја продавам и тоа е сѐ“ – рече мајката.
Инаку, покрај големиот број негативни коментари, имаше и такви што коментираа дека злобните следбеници се љубоморни на тоа што малата Каи е многу убава и се завидливи на нејзината модерна облека.
Што мислите вие? Дали ваквиот начин на облекување е соодветен за 2-годишно девојче?