Има 20 години, а поради ретка болест изгледа како дете: „Не можам да одам, но среќна сум што сум жива“
- Детали
- четврток, 06 април 2023
Аболи Јарит од Нагпур, Индија, има 20 години, но поради неизлечлива болест изгледа како мало девојче. Аболи има остеодистрофија, болест која ја оставила деформирана и го запрела нејзиниот физички развој во раната фаза од животот.
Аболи признава дека навикнала луѓето да ја гледаат како дете поради ретката болест која ѝ е дијагностицирана.
Таа е висока само еден метар. Болеста одамна го запрела нејзиниот раст, а тоа предизвикало искривување на коските.
Аболи е постојано изложена на ризик дека може да ѝ откажат бубрезите.
Аболи е родена без мочен меур и затоа мора постојано да носи пелени. Лекарите морале да ѝ отсечат дупка на половината за да спречат урината да се собира во нејзиното тело.
Поради проблемите со растот и искривувањето на коските, Аболи не може да оди. Сепак, таа вели дека е среќна што изгледа толку младо.
„На 20 години се чувствувам добро, имам среќа и сум навистина посебна. Сите кога ќе пораснат, почнуваат да изгледаат поинаку, но јас изгледам исто, а тоа многу ми се допаѓа.
Фала му на Бога што ме направи кул дете кое никогаш нема да се промени“ – вели Аболи.
Таа пред неколку години пееше во шоуто „Indian Idol“, со што си исполни еден сон од детството.
Денес 20-годишната девојка вели дека е среќна што е жива и покрај нејзината болест.
А. Ј. | Црнобело