Баба (93) е хит на ТикТок - сингл е 2 децении, дели љубовни совети (видео)
- Детали
- понеделник, 10 април 2023
Според 93-годишната Лилијан Дронијак, треба да „бегате“ ако ви се додворува маж кој има воден хороскопски знак, лаже за неговата висина или не ја држи вратата отворена за вас. Што друго можеме да научиме од забавната баба која е хит на ТикТок?
Лиалијан Дронијак од САД има 93 години и изминативе неколку месеци стана вистинска ѕвезда на ТикТок.
Лилијан е сингл, па честопати споделува хумористични видеа со совети за нејзините сингл следбеници, а доста отворено зборува и за нејзиниот љубовен живот.
Таа се шегува дека не се сеќава на нејзиниот прв бакнеж бидејќи сигурно бил ужасен, но и бидејќи бил многу одамна.
Досега Лилијан има над 8,7 милиони следбеници на социјалната мрежа и секој ден станува сè попопуларна.
Можеби најпопуларни се нејзините видеа на кои ги споделува предупредувачките знаци дека некој маж нема да биде добар партнер.
Иако се хумористични, дел од правилата навистина можеме да ги примениме и во реалноста:
8-те предупредувачки знаци на Лилијан:
- Не ја држи вратата отворена за мене
- Не сака бинго
- Нема супа во фрижидерот
- Не ми кажува постојано дека сум убава
- Лаже за неговата висина
- Има воден хороскопски знак
- Не сака мачки
- Игра голф
@grandma_droniak did i miss any red flags? #redflags #redflagsinmen #grandma #relationshipadvice #single
♬ original sound - grandma_droniak
Неодамна, Лилијан откри и дека отишла на романтичен состанок првпат во 25 години.
Во едно видео, таа покажува што носи на состанокот, а си става и кармин.
@grandma_droniak i couldnt say no to a first date because its been too long and im not getting any younger
♬ original sound - grandma_droniak
Но, во следното видео што го објави, открива дека била разочарана.
„Туку што се вратив од состанокот и не беше добар. Не ми ја ни погледна облеката и не ми кажа дека изгледа убаво. Беше неучтив со келнерот.
Не ја ни држеше вратата за мене, како секој џентлмен. Генерално, не беше џентлмен, не беше мој тип. И, беше понизок од мене“.
@grandma_droniak Replying to @neens3251 i keep looking out the window because im nervous hes gonna come back here
♬ original sound - grandma_droniak
Покрај љубовните совети, Лилијан неретко се шегува и за нејзината возраст, а доста често му дава предност и на мрачниот хумор.
На пример, Лилијан се шегува дека од сите поранешни дечковци, само еден е жив, а во едно видео спомна и дека починатиот сопруг и нејзин бивш дечко биле погребани на исти гробишта.
Дел од забавните видеа на Лилијан во продолжение:
@grandma_droniak here’s my morning routine you can stop asking for it now
♬ original sound - grandma_droniak
@grandma_droniak its bad because im getting buried next to my husband so this will be awkward
♬ Your joking - user24439752173
@grandma_droniak i dont know about you but 2022 was pretty boring
♬ original sound - GrandPeachEdits
@grandma_droniak i think i might be famous because im pretty or the other way around
♬ Lollipop - Album Version (Explicit) - Lil Wayne
@grandma_droniak it was probably 80 years ago
♬ Cigarette daydreams - ˚♪˳
Спирова С. | Црнобело