„На сопругот му најдов девојка што личи на мене – тоа ни го спаси бракот“
- Детали
- вторник, 04 април 2023
Темина и Брајант Кинтана биле во брак неполни три години, кога таа дознала дека сопругот ја изневерува. Уништена од сознанието дека не му е доволна на својот маж, Темина решила да внесе трета личност во бракот и да се обиде да ги спречи идните неверства на Брајант. Бизарно, зарем не?
Темина Кинтана од Лонг Ајленд долго време барала жена која изгледа идентично со неа, бидејќи сакала да ѝ понуди да му биде девојка на нејзиниот сопруг Брајант.
Тие биле во брак неполни три години, кога Темина дознала дека сопругот ја изневерува.
Уништена од сознанието дека не му е доволна на својот маж, Темина решила да внесе трета личност во бракот и да се обиде да ги спречи идните неверства на Брајант.
Темина и Брајант ја раскажаа својата приказна во шоуто „Love Don’t Judge“.
„Во минатото, Брајант не беше верен. Но, чувствувам дека ако сте во брак, треба да направите сè што треба за бракот да успее. Јас сакам да сум со него до крајот на животот. Ќе му дадам сè што сака, што го прави среќен“ – вели Темина.
Па така, поттикната од идејата за отворен брак, таа преку социјалните мрежи почнала да бара жена со сличен изглед која ќе им се придружи на неа и на Брајант во бракот.
„Се чувствував несигурно кога почнавме да баравме трета личност. Но, знаев дека тоа ќе му го задржи вниманието на Брајант, и дека тоа ќе ни го спаси бракот“ – додава таа.
Темина на крајот ја нашла австралиската манекенка Кира Џонсон, која неверојатно многу личи на неа.
Кира, пак, сакала да види како би функционирала врската во тројка и решила да дојде во Њујорк за да ги запознае Темина и Брајант.
Сега, Кира е дел од нивниот брачен живот, па тројцата дури и спијат заедно.
Кира вели дека ѝ е интересно што многу личи на Темина.
„Кога излегуваме во јавност, секогаш нè прашуваат дали сме сестри или близначки“ – вели Кира.
Двете жени дури почнале да носат и иста облека за да ги нагласат нивните впечатливи сличности.
Тие сега имаат и заеднички профил на „OnlyFans“ на кој објавуваат секси видеа за онлајн следбениците.
Темина признава дека неодамна сфатила дека е бисексуалка. Таа вели и дека не е љубоморна што Брајант чувствува привлечност кон Кира.
„Кога Кира дојде во нашите животи ни го спаси бракот. Тоа дефинитивно нè направи посилни. Таа е алката што ни недостасуваше“ – вели Темина.
А. Ј. | Црнобело