Жена критикувана откако се пофали дека не купува тоалетна хартија: „Дали и гостите треба да се бришат со семејната крпа?“
- Детали
- четврток, 23 март 2023
Замислете дека одите нa гости кај пријатели, морате итно во тоалет, а на крај забележувате дека таму нема тоалетна хартија? Што ќе правите? Оваа жена тврди дека во нејзиниот дом веќе не купува тоалетна хартија туку сите користат семејна крпа.
Шанон Роуз редовно објавува содржини на социјалните мрежи во кои зборува за својот семеен живот, а ги збуни своите следбеници откако објави видео во кое откри зошто веќе не купува тоалетна хартија во домот.
Таа вели дека тоалетната хартија е одвратна, се рони и се заглавува па затоа одлучила во домот да користат семејна крпа, што потоа ја пере заедно со останатата облека и ткаенини, но овој нејзин начин на водење хигиена, поттикна дебата кај нејзините следбеници, а сите се прашуваат што прават гостите кога имаат потреба да одат во тоалет.
Таа појаснува дека во семејсниот тоалет имаат биде што служи за миење, а потоа сите се бришат со семејните хигиенски крпи што таа ги прави.
„Мошне се меки и удобни“ – вели таа.
@channonrose1 Don’t mind my eyelash falling off through this whole video 😂 #reusabletoiletpaper #familycloth #zerowaste #ecofriendly #vegan #channonrose #zerowasteliving
-->♬ original sound - Channon Rose
Со оглед на тоа што таа е голем борец за заштита на животната средина, во нејзиниот дом се забранети и влажните марамчиња и хигиенски влошки, а вели дека на тој начин заштедила многу пари.
Сепак нејзините следбеници беа збунети од видеото, па почнаа да ѝ поставуваат најразлични прашања:
„Што правите кога ќе ви дојдат гости, дали им давате тоалетна хартија или и тие треба да се бришат со семејната крпа?“,
„Супер ти е идејата, но мислам дека ќе имам трауми ако ти дојдам дома на гости и видам дека нема тоалетна харитја во тоалетот“,
„Додека не го спомна бидето ме преплаши“,
„Добро е што се миете пред да ја користите крпата“ – стои во дел од коментарите.
Сепак, Шенон во коментарите одговори дека имаат тоалетна хартија, но таа е наменета само за гостите, додека сите во домот треба да ја користат семејната крпа.
Што мислите вие, дали овој начин е похигиенски од користењето обична тоалетна хартија?
Б. С. Б. | Црнобело