37-годишна инфлуенсерка отишла сама на меден месец: „Веќе не сакам да го чекам совршениот маж“

„20-годишната јас беше сосема поинаква. Сакав да бидам мајка која останува дома. Бев заљубена во тип што го познавав од средно училиште и мислев дека ќе се венчаме и ќе имаме деца до 27 или 30 години, а јас ќе терам кариера на страна. Но, раскинавме на 25 и јас тргнав во сосема друга насока“, вели инфлуенсерката Британи Алин, која решила да не го чека совршениот маж и сама да оди на меден месец. 

37-godishna-influenserka-sama-otide-na-meden-mesec-vekje-ne-sakam-da-go-chekam-sovrsheniot-mazh-01.jpg

Инфлуенсерката Британи Алин, која ја следат преку 115.000 луѓе на Инстаграм, вели дека ѝ здодеало да го чека совршениот партнер, да се омажи и да има деца.

Наместо тоа, таа решила сама да оди на совршен меден месец.

View this post on Instagram

A post shared by Brittany Allyn (@thirtywaves)

Алин на Јутјуб објави видео во кое раскажува дека е изморена да го чека мажот на нејзиниот живот. Вели, веќе нема 20 години за да сака да стане домаќинка.

„Си ветив дека ќе престанам да зависам од мажите за да бидам среќна“, открива Британи.

Таа сподели дека лани отпатувала во Лондон каде што ги замрзнала своите јајце-клетки, а потоа резервирала одмор од соништата во Франција и Италија, и оттогаш живее живот на среќен самец, пишува NY Post.

„Мислам дека сите имаат денови кога мислат дека сакаат длабока романса, но јас не чувствувам притисок дека треба да се омажам.

Мојата најдолга врска траеше околу пет години и ми изгледаше како вечност. Па и да ми останат 30 години за да бидам со љубовта на мојот живот во иднина, ќе бидам среќна, не брзам“, вели таа во видеото.

Според Алин, нејзиниот поглед на животот доаѓа од нејзините родители.

„Имав родители кои навистина секогаш ме поддржуваа, секогаш беа реални и ми велеа дека сакаат да искусам сè во животот и да се забавувам“, раскажуваа таа.

Британи вели дека нејзините родители ѝ рекле дека бракот е неверојатен, но не мора да се омажи по секоја цена. Тие ја охрабриле да го живее животот максимално, па затоа не е премногу загрижена за притисокот на општеството.

„20-годишната јас беше сосема поинаква. Сакав да бидам мајка која останува дома.

Бев заљубена во тип што го познавав од средно училиште и мислев дека ќе се венчаме и ќе имаме деца до 27 или 30 години, а јас ќе терам кариера на страна.

Но, раскинавме на 25 и јас тргнав во сосема друга насока“, вели таа.

Алин подоцна сфатила дека медениот месец не треба да се ограничува само на брачните парови.

„Има толку многу места на кои сакав да одам, но го чекав тој совршен партнер, совршената врска.

Јужна Франција беше една од нив, и Венеција, Италија, да се возам на гондола, да одам на африканско сафари.

Сега кога сум во доцните триесетти, се прашав: ‘чекај, што точно чекам’?“.

Откако почнала да патува сама, Алин објавува делови од своето патување на социјалните мрежи, со намера да ги инспирира и другите слободни жени.

Таа вели дека добила илјадници пораки од жени кои планираат да го прават истото што и таа.

Иако Алин има позитивен поглед на работите, нејзиното видео наиде и на критики, но таа вели дека воопшто не ѝ е грижа бидејќи се труди нејзината страница да биде позитивно место.

„Мислам дека не постои еден специфичен пат за секој човек. Некој е среќен кога е во брак и има деца, а јас на 37 години сум среќна што можам да правам што и кога сакам.

Она што сакам да го кажам е, ниеден живот не е подобар од друг. Едноставно, треба да разберете дека вашиот живот е единствен и треба да го прифатите“, вели инфлуенсерката.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg