Лазо Миновски за CRNOBELO.com: „Моментално сме во манастир на Непал, ќе искачуваме хималајски врв од 6.812 мнв“

Од дружба со дечињата на локалците до начин на аклиматизација и топли оброци во непалските села, Лазо Миновски и Ирина Дишовска директно ни пренесуваат искуство од Непал за CRNOBELO.com и покрај маките со слабиот интернет кои ги имаат…

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-01.jpg

Планинарите Лазо Миновски и Ирина Дишовска ќе се обидат да го освојат хималајскиот врв Ама-Даблам висок 6.812 мнв.

За CRNOBELO.com дадоа изјава ексклузивно оттаму, велат дека интернетот во непалското село во кое се наоѓаат е навистина слаб, но, за среќа, успеаја да остварат комуникација со нас:

„Моментално се наоѓаме во непалското село Tengboche во еден многу познат манастир на надморска височина од 3.867 метри и наредна дестинација ни е базниот камп на Ама-Даблам.

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-06.jpg

На 3-ти октомври започнавме со нашата експедиција за искачување на хималајскиот врв Ама Даблам, која ќе трае околу 30 дена.

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-08.jpg

Првите 7 дена се движиме по планинските села сè до базниот камп на Ама-Даблам. Во овие седум дена минуваме низ неколку села од кое најпознатото е Namche Bazaar, од каде поминуваат повеќето експедиции, вклучувајќи ги и оние за Монт Еверест.

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-03.jpg

Во моментот се наоѓаме во селото Tengboche, на 3.867 мнв, а за два дена треба да стигнеме до базниот камп Ама-Даблам и безбедно да се вратиме назад.

Седум дена пешачиме до базниот камп. Станува збор за обична планинарска патека, по која движењето е навистина лесно.

Секој ден се искачуваме по неколку стотини метри до максимум 1.000 метри висинска разлика и остануваме на ноќевање во лоџовите, иако е многу студено. Таму има топла храна приготвена специјално за нас.

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-02.jpg

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-11.jpg

Седмиот ден, односно сега во недела (10.10) очекуваме од нашата последна станица на преспивање Pangboche да пристигнеме до базниот камп на Ама-Даблам. Откако ќе се наполниме со енергија започнуваме со вистинска ротација по висинските кампови.

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-07.jpg

Од базен камп до камп 1 и назад. Потоа до камп 2 ноќевање и назад. Последна ротација е до камп 3, ноќевање и назад. И од тука, откако ќе се чувствуваме максимално аклиматизирани ќе чекаме временски прозорец од барем два дена по ред убаво време, без ветер, и во тие денови ќе се обидеме да направиме summit push.

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-04.jpg

Очекуваме од базниот камп за 15 дена максимум да имаме обид за наше, се надевам, успешно искачување и симнување од врвот.

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-10.jpg

Откако ќе се симнеме, повторно нè чека истиот пат за назад до малото непалско гратче Lukla, односно 7-дневно пешачење.

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-09.jpg

Посакајте ни среќа за убаво време и лесни нозе, останатото останува на нас. Ви благодариме.“

lazo-minovski-za-crnobelo-com-momentalno-sme-vo-manastir-na-nepal-kje-iskachuvame-himalajski-vrv-od-6-812-mnv-05.jpg

Фотки од Лазо Миновски и Ирина Дишовска:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола Јокиќ откри зошто веќе нема да ја носи бурмата на патиките – сигурно сопругата му се „заканил... „Нема да ризикува истото да му се случи третпат“ – велат низ смеа оние што го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg