Емотивната прегратка на Новак Ѓоковиќ и неговиот син по триумфот на Вимблдон (видео)
- Детали
- понеделник, 16 јули 2018
По два часа игра со Кевин Андерсон, Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон по четврти пат. Во интервјуто по мечот откри дека токму неговиот син Стефан му бил најголема мотивација за победа.
Малиот Стефан навиваше за својот татко во прегратката на неговата мајка Јелена Ѓоковиќ на трибините.
Тој има помалку од 5 години, па не можеше да ги гледа мечовите во живо, но се надевав ако некогаш тоа се случи дека ќе можам да го држам трофејот кога ќе биде таму. Многу сум емотивен. Прекрасно е чувството затоа што за првпат имам некој во мојот живот кој навива: „Тато, тато“, изјави Ѓоковиќ.
"For the first time in my life, I have someone screaming daddy, daddy!"
A 13th Grand Slam title for @DjokerNole, but this one will hold a special place in his heart 👪#Wimbledon pic.twitter.com/sQRClwWT0i-->— Wimbledon (@Wimbledon) July 15, 2018
По триумфот на 13-иот Гренд слем турнир на Ѓоковиќ, откако му честитаа Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, тенисерот веднаш тргна накај својата сопруга и син. Инаку, тој има и ќерка Тара, која се роди во септември мината година. Неговиот син Стефан е роден во 2014 година.
Погледнете ја емотивната прегратка на Новак и малиот Стефан:
Novak Djokovic hugs his son Stefan after Wimbledon triumphA very special father-son moment... #Wimbledon
Posted by Wimbledon on Sunday, July 15, 2018
Novak Djokovic hugs his son Stefan after Wimbledon triumphA very special father-son moment... #Wimbledon
Posted by Wimbledon on Sunday, July 15, 2018
С. С.| Црнобело