Две победи по ред за Австралијанецот Хол со триумфот во Чиба

Австралија се искачи на врвот од генералниот пласман во светското првенство Red Bull Air Race, откако Мат Хол го порази јапонскиот херој Јошихиде Муроја на домашен терен уште во првата рунда во Чиба, на пат кон својата втора последователна победа на трките во 2018 година. Мајкл Гулијан од САД заврши како втор, што е трето негово искачување на подиумот годинава, додека Мартин Шонка од Чешката република конечно се врати во форма со освојување на третото место.

dve-pobedi-po-red-za-avstralijanecot-hol-so-triumfot-vo-chiba-01.jpg

Чиба (Јапонија) - Толпа од 70.000 луѓе ја преполни плажата Макухари за викендот за да го види својот херој Муроја на домашен терен по првпат откако ја освои титулата светски шампион во 2017 година, но нивната радост се претвори во неверување. Наострен за да победи по трет пат на својата домашна трка, јапонскиот пилот го надмина максимално дозволеното Г-забрзување при првиот лет, престигнувајќи го својот лут ривал Хол, кој само што победи во Кан, Франција, но тоа му донесе дисквалификација. На крајот во последната рунда на четирите најбрзи пилоти, Гулијан, Шонка, Канаѓанецот Пит Меклиот и Хол се бореа за победа. Гулијан леташе прв и оствари време од 56.695, додека Шонка, а потоа и Меклеод заработија казни од две секунди. Чистиот лет под притисок на Хол беше побрз од тој на Американецот за само 0.319 секунди.

- Сакаме да мислиме дека ова значи дека се враќаме каде што бевме пред две-три години,- рече Хол, кој во два светски шампионати беше втор, пред да почне да вози нов тркачки авион во сезоната 2017. - Се чини дека оваа трка беше дури и подобра од претходната, и се гордееме со нашиот тим, ова е тимски спорт и немаше ниедна единствена грешка од никого. Се надевам дека оваа трка засекогаш ќе остане на календарот. Културата на обожавателите во Јапонија е чудесна, тие се преполни со ентузијазам. Го елиминирав нивниот претставник и тие сепак ме прифатија.

Следна е трката во Будимпешта, Унгарија, каде што тркачките авиони се враќаат во духовниот дом на овој спорт. А во средината на сезоната, ништо нема да биде изненадување на класичната станица на спортот. Освен Канаѓанецот Меклеод кој е седми во генералниот пласман, секој од останатите 14 пилоти е врзан со поени со барем еден од конкурентите - најзабележително тоа е кај Хал и Гулијан, кои се пред сите, а и двајцата со по 36 поени. Муроја и Шонка, кои завршија како прв и втор на првенството во 2017, го продолжуваат своето епско ривалство со по 19 поени секој, светскиот шампион од 2016 година Матијас Долдерер од Германија и изненадувачки младиот Французин Мика Бражо имаат по 15 поени, и така е низ целата табела. Само еден одличен перформанс е доволен да ја „разниша“ табелата.

dve-pobedi-po-red-za-avstralijanecot-hol-so-triumfot-vo-chiba-02.jpg

Не пропуштајте ја најборбената трка во сезоната: билетите за светското првенство Red Bull Air Race, меѓу кои и за четвртата станица во Будимпешта од сезоната со осум трки, веќе се во продажба. За повеќе информации за билети и најновите вести, посетете ја веб страницата www.redbullairrace.com.

Резултати „Мастер Класа“, Чиба 2018: 1. Мат Хол (Австралија), 2. Мајкл Гулијан (САД), 3. Мартин Шонка (Чешка), 4. Пит Меклеод (Канада), 5. Мика Бражо (Франција), 6. Франсоа Ле Вот (Франција). 7. Хуан Веларде (Шпанија), 8. Матијас Долдерер (Германија), 9. Петр Копфстајн (Чешка), 10. Кристијан Болтон (Чиле), 11. Бен Марфи (Велика Британија), 12. Николас Иваноф (Франција), 13. Кирби Чемблис (САД), 14. Јошихиде Муроја (Јапонија)

Табела по три трки: 1. Мат Хол (Австралија) 36 поени. 2. Мајкл Гулијан (САД) 36 поени, 3. Јошихиде Муроја (Јапонија) 19 поени, 4. Мартин Шонка (Чешка) 19 поени, 5. Матијас Долдерер (Германија) 15 поени, 6. Мика Бражо (Франција) 15 поени, 7. Пит Меклеод (Канада) 11 поени, 8. Кирби Чемблис (САД) 9 поени, 9. Франсоа Ле Вот (Франција) 9 поени, 10. Јуан Веларде (Шпанија) 9 поени, 11. Бен Марфи (Велика Британија) 6 поени, 12. Петр Копфстајн (Чешка) 6 поени, 13. Кристијан Болтон (Чиле) 1 поени, 14. Николас Иваноф (Франција) 1 поен.

dve-pobedi-po-red-za-avstralijanecot-hol-so-triumfot-vo-chiba-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
Никола Јокиќ откри зошто веќе нема да ја носи бурмата на патиките – сигурно сопругата му се „заканил... „Нема да ризикува истото да му се случи третпат“ – велат низ смеа оние што го по...
Починатиот кошаркар Дражен Петровиќ се „појави“ и прозборе преку холограм - публиката плаче и пее „К... Најемотивниот момент се случи кога во кошаркарската сала почнаа да излегуваат зл...
Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпозна... Симон Бајлс има освоено осум олимписки медали, од кои пет се златни, но вели дек...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Нов „дијамант“ на македонската кошарка На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига во м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg