Хол е крунисан како шампион на Кан во историската премиера на авионските трки

Светското првенство во авионски трки на слалом патека од 25-метарски воздушни кули кое носи брзини од 370 километри на час привлече вкупно 83.500 гледачи во текот на викендот на своето деби во магичниот Кан, градот на француската ривиера познат по филмскиот фестивал. Победата му припадна на австралискиот пилот Мат Хол, за кого ова е прв триумф по пауза од две сезони. Поранешниот светски првак Матијас Долдерер беше втор, а Американецот Мајкл Гулијан стигна до третото место. Фактот дека првите две трки се освоени од различни пилоти најавува интересен заплет во сезоната која има осум планирани станици во календарот.

hol-e-krunisan-kako-shampion-vo-kan-vo-istoriskata-premiera-na-avionskite-trki-01.jpg

Кан, (Франција) – Долго очекуваната премиера на Red Bull Air Race во Франција донесе искри на небото, но и драма над водите во Медитеранот. Мат Хол конечно ја пронајде старата победничка форма која му овозможи во два наврати да биде светски вице-шампион. Обезбедувајќи го местото во последната рунда на најдобрите четири пилоти по претходните елиминации, тој леташе прв и постави време од 57 секунди и 692 илјадити делови од секундата. Следуваа два лета кои направија борбата за првото место да го разбуди адреналинот кај публиката: најпрво актуелниот шампион Јошихиде Муроја беше побрз, но заработи казна од две секунди, а потоа минатогодишниот светски првак Матијас Долдерер стигна на целта со резултат кој беше побавен за само 72 илјадити делови од секундата зад оној на првопласираниот Хол. Пред да излезе четвртиот пилот на патеката, Мартин Шонка, беше објавено дека тој е дисквалификуван поради надминување на бројот на вртежите на моторот во претходниот лет, па Американецот Мајкл Гулијан кој беше петти во претходната рунда, влезе во финалето. Имајќи предвид дека Гулијан победи на првата трка во Абу Даби, со третото место на оваа трка си го обезбеди водството во генералниот пласман.

Со ваквиот распоред на силите, светското првенство е отворено за нови дуели уште на следната трка во Јапонија. Таа не само што ќе донесе енормен притисок за Муроја кој е на третата позиција во генералниот пласман, туку и за другите пилоти како Гулијан кој го има најсилниот старт во досегашната кариера во последните девет сезони. Дополнително, Мат Хол се враќа во игра за титулата откако цела година работеше на својот нов авион и на подобрувањата кои беа нужни. Тој сега е само три поени зад лидерот Гулијан, додека Долдерер е на четвртото место. Мартин Шонка е петти, и тоа со две дисквалификации во низа кои дојдоа во последните рунди, поради што сигурно чувствува потреба за докажување.

hol-e-krunisan-kako-shampion-vo-kan-vo-istoriskata-premiera-na-avionskite-trki-02.jpg

- Ова беше долга и тешка транзиција, мошне висок врв за освојување, од претходниот авион МХЅ, до новиот воздухоплов и нов тим на механичари и нов спонзор. Сега чувството е страотно, се чувствуваме подготвени да влеземе во битката за светската шампионска титула,- изјави победникот Хол.

Првата азиска трка годинава се одржува во лулката на јапонската авијација, Чиба, на 27 мај, каде што возбудените фанови прв пат ќе го видат Муроја откако беше крунисан за свестки првак во 2017 година.

Резултати: 1. Мат Хол (Австралија), 2. Матијас Долдерер (Германија), 3. Мајкл Гулијан (САД), 4. Јошихиде Муроја (Јапонија), 5. Мика Бражо (Франција), 6. Хуан Веларде (Шпанија), 7. Пит Меклиод (Канада), 8. Мартин Шонка (Чешка), 9. Петр Копфштајн (Чешка), 10. Бен Марфи (Велика Британија), 11. Франсоа Ле Вот (Франција), 12. Кирби Чемблис (САД), 13. Кристијан Болтон (Чиле), 14. Николас Иваноф (Франција).

Табела: 1. Гулијан 24 поени, 2. Мат Хол 21 поен, 3. Муроја 19 поени, 4. Долдерер 12 поени, 5. Шонка 10 поени, 6. Чемблис 9 поени, 7. Бражо 9 поени, 8. Марфи 6 поени, 9. Веларде 5 поени, 10. Ле Вот 4 поени.

hol-e-krunisan-kako-shampion-vo-kan-vo-istoriskata-premiera-na-avionskite-trki-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар... Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
Никола Јокиќ откри зошто веќе нема да ја носи бурмата на патиките – сигурно сопругата му се „заканил... „Нема да ризикува истото да му се случи третпат“ – велат низ смеа оние што го по...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...
Починатиот кошаркар Дражен Петровиќ се „појави“ и прозборе преку холограм - публиката плаче и пее „К... Најемотивниот момент се случи кога во кошаркарската сала почнаа да излегуваат зл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg